#ИновативностЧита: Стив Џобс, биографија од Волтер Ајзаксон

- Advertisement -

Овој викенд, рубриката #ИновативностЧита ја посветивме на големиот Стив Џобс, односно на извонредната биографија посветена нему. Предлог книгата Стив Џобс од авторот Волтер Ајзаксон е четиво кое секој треба да го прочита поради бизнис лекциите, но и животните лекции кои можете да ги научите од животот на големиот иноватор

Денес, скоро и да не постои човек кој не го препознава брендот на Apple поради големото поместување кое го направи во индустријата со едноставниот дизајн и функционалноста. Како „виновникот“ позади препознатливоста на Apple и нивните производи како Mac компјутери, iPhone, iPad и многу други, Стив Џобс беше фигура во која ретко кој не наоѓа инспирација.

Еве ако постои некој кој не го знае Џобс, тој беше американски претприемач, еден од ко-основачите на компанијата Apple и извршен директор на истата. Заедно со Стив Вознијак, во 1976 година ја отворија компанијата Apple претставувајќи го првиот производ на компанијата, Apple I компјутерот. Во првите години од постоењето на компанија немаше големи продажби, но вистинскиот пробив го направи во 1984 година со првиот Macintosh компјутер, чии наследници се исклучиво популарни денес.

- Advertisement -

Биографијата посветена на Џобс од Ајзаксон е прогласена за една од најдобрите биографии кои некогаш биле напишани, за што сведочи и огромната популарност на книгата. Уште кога ќе ја здогледате на полица, веднаш ќе ве привлече со едноставниот дизајн на корицата, исто како и производите на Apple.

Авторот Ајзаксон во текот на две до три години подготвувал и правел интерјвуа со самиот Стив Џобс, како и со членови на неговото семејство и колеги од компанијата. На крајот од овој период, Ајзаксон имал преку четириесет интервјуа кои почнал да ги обработува и да ја пишува биографијата базирана на нив.

- Advertisement -
Стив Џобс го претставува првиот iPad во 2010 година.

Книгата го прикажува развојот на Џобс како личност, но и како голем креативец и иноватор кој со своите идеи и дизајн на проиводи успеа да направи револуција во неколку сектори како персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет- компјутерите и дигиталното издаваштво. Многумина кои посветено ја следеа работата и достигнувања на Џобс ќе кажат дека тој им даде на купувачите производи за кои не беа ниту свесни дека им се потребни.

Волтер Ајзаксон е генерален директор на институтот Аспен, претседател на одборот на CNN и главен уредник на Time. Се работи за новинар кој со вистинска раскажувачка умешност ја пренесува приказната за Џобс, за да може читателот со леснотија да ја проследи.

- Advertisement -

Како што пишува во една реценција за биографијата, после читањето на истата, без разлика дали го сакате или го мразите ликот на Џобс, нема да можете да негирате дека е личност кој извршил огромно влијание на технолошкиот свет, но и светот воопшто. Стив Џобс почина во 2011 година после долага борба со тумор на панкреасот.

Оваа биографија на Стив Џобс е преведена и на македонски јазик и може да се купи во сите книжарници по цена од околу 600 денари.

Сподели!
- Advertisement -