Создаден првиот македонски кириличен фонт за лица со дислексија

- Advertisement -

Прв кирилски фонт за дислексија во Македонија изработи тимот на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Фонтот треба да им помогне на многу дислексични читачи, особено на најмалите, полесно да го надминат својот проблем, а може да се преземе од следниов линк.

Дислексија е потешкотија во читање, пишување, како и разбирање на прочитаното и напишаното.

- Advertisement -

Фонтот за дислексија е револуционерен фонт, специјално креиран за лицата со дислексија, вели д-р Aлександра Каровска-Ристовска од Институтот за дефектологија. Таа беше дел од тимот што го создаде DyslexicFZF, заедно со м-р Маја Филиповска, докторанд на Институтот.

Фото: Fakulteti.mk

„Тоа е првиот кирилски фонт за дислексија воопшто направен. Во процесот на креирање беа игнорирани сите основни типографски правила и стандарди. Како насоки беа земени читливоста и специфичните карактеристики на дислексијата. Во овој фонт секоја буква е уникатно оформена, со цел да се избегнат најчестите грешки при читањето кај лицата со дислексија“, вели Александра Каровска-Ристовска за порталот Деца.мк.

- Advertisement -

Целта на фонтовите наменети за лицата со дислексија е да ја зголемат читливоста на текстовите. Во земјите што користат латинско писмо, лицата со дислексија пак ја имале оваа можност години наназад, вели Филиповска. Дефектолозите во Македонија велат дека проблемот со дислексија во нашата земја е голем. Се случува деца да завршат средно училиште, а никој да не им дијагностицира дислексија, туку ги третираат како „проблематични ученици“.

Сподели!
- Advertisement -