7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Adidas направи дрес за Манчестер Јунајтед од рециклирана пластика

Kabtel desktop

Adidas заедно со организацијата за заштита на океаните Parley Ocean Plastic, создаде дрес за Манчестер Јунајтед од рециклирана пластика која е собрана од океанот. Како инспирација за ова послужи дресот што тимот го носеше кога го освои Европскиот куп во 1968 година, а целта е одбележување на 50-годишнината од настанот, пренесува Inhabitat.

„Сите сме свесни за заканата од пластика за животната средина и среќни што можеме да придонесеме кон подигање на свеста преку производство на дресови од рециклирана пластика кои ќе им се допаднат и на обожавателите на клубот.“, изјавиле од Adidas Parley.

На овој начин од компаниите го потенцираат проблемот со пластиката во океаните и ги поттикнуваат и инспирираат навивачите на фудбалот да се придружат во создавањето на подобра животна средина за сите. Играчите за првпат ќе ги облечат дресовите за време на летната турнеја на Манчестер Јунајтед во САД.

Ова не е прв пат Adidas и Parley Ocean Plastic да соработуваат. Тие и претходно имаат произведено патики и друга спортска опрема од рециклирана пластика собрана од океаните.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!