5.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2018/19

Kabtel desktop

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот добро познат Challenge day, ден за тестирање на идните најперспективни генијалци во сферата на информатичките технологии и дизајнот. Целта на овој настан е тестирање за доделување четири целосни стипендии за академските програми 2017/2018 во СЕДЦ, кои ја сочинуваат: Академијата за програмирање, Академијата за компјутерски мрежи и Академијата за дизајн.

Годинашниот Challenge day ќе се одржи на 18 јуни во просториите на едукативниот центар во Скопје и на 25 јуни во новите простории во Охрид. Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќекратен избор. Прашањата се на англиски јазик и се избрани во согласност со насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ-академиите 2018/2019.

Учеството на Challenge day е бесплатно, а пријавувањето се врши на следниве линкови:

Challenge day (Скопје) • 18 јуни, со рок на пријавување до 14 јуни, 16 часот и
Challenge day (Охрид) • 25 јуни, со рок на пријавување до 2 јуни, 16 часот

Повеќе информации за Challenge day може да се видат на следниов линк.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!