Србин направи апликација која открива каде има полициски патроли

- Advertisement -

Апликацијата Moja Patrola на Горан Радојчиќ, која има повеќе од 100.000 регистрирани корисници во Србија, пристигна и на хрватскиот пазар. Апликацијата веројатно многу ќе им се допадне на возачите затоа што во реално време прикажува каде се наоѓаат полициските патроли, заседи, камери и радари, што сигурно ќе го намали бројот на прекршоци и платени казни, но ќе има и позитивно влијание врз безбедноста затоа што возачите ќе се однесуваат поодговорно, пишува Vidi.hr.

За апликацијата да биде поиефикасна, од возачите бара ангажирање, затоа што тие со еден клик треба дa означат дека на местото каде што поминуваат се наоѓа некоја од наведените „замки“. Секој корисник може да ја потврди или да ја негира локацијата на патролата во случај некој да се шегува или да се премести патролата. Апликацијатас поддржува и сложен алгоритам кој ја пресметува веројатноста и точноста на секоја објава за податоците кои се прикажуваат да бидат што попрецизни.

- Advertisement -

Апликацијата може да симне бесплатно за Android или iPhone телефони. Не би било лошо оваа апликација да се најде и на македонскиот пазар, па солидарните возачи да не мора повеќе да го користат веќе застареното, но сепак ефикасно давање сигнали со светлата кога има полициска патрола на патот.

Сподели!
- Advertisement -