18 C
Skopje
четврток, август 13, 2020

Четири работи кои не треба да ви стојат на профилот на LinkedIn

UAKS desktop

Се повеќе луѓе првиот впечаток за некого го формираат врз основа на резултатите при пребарување на Интернет. Кога ве проценуваат на професионален план, главно го гледаат вашиот профил на LinkedIn. Дури и ако нивното пребарување почне на Google, ќе заврши на LinkedIn затоа што вашиот профил ќе биде меѓу првите резултати, така што треба да размислите добро што ставате на LinkedIn затоа што тоа ќе ве позиционира на одредено место во иднина, пишува Bizlife.

Мора да се фокусирате на тоа од профилот да тргнете се што ќе стои на вашиот пат до успехот. Со содржинтие кои се гледаат ќе треба да ги одушевите оние кои носат одлуки за вас. Ова се четири работи кои магазинот Forbes препорачува да се тргнат од профилот за луѓето и компаниите да ве оценуваат позитивно.

Погрешни или небитни потврди. Избришете ги описите на вештини кои не сакаат да ги знаат луѓето за вас. Личното брендирање значи да ве препознаваат по една работа, а не по сто. Направете листа со сите вештини кои се битни за тоа што сте во моментот и тоа што сакате да бидете, па уверете се дека првите три целосно ја рефлектираат сликата која за вас треба да ја видат другите.

Искуство кое одзема од тежината на вашиот бренд. Ако сте ја почнале кариерата на полето на финансиите, а сега се занимавате со фармацевтски истражувања, на пример, од профилот треба да ја тргнете таа „поинаква бизнис историја“. Секако, битно е да прикажете напредок во кариерата, но тоа претходно искуство организирајте го во една група која ќе претставува, на пример, „кариерни почетоци“.

Фотографии со лоша резолуција. Сите фотографии кои сте ги ставиле на профилот треба да бидат квалитетни и со соодветна величина. Се што е спротивно на тоа може да укаже дека не обрнувате внимание на деталите. Инвестирајте во професионална насловна фотографија која ќе ве прикаже во најдобро светло. Избегнувајте ги фотографите од целото тело и дозволете посетителите да го видат вашето лице.

Пишување во трето лице. Да бидеме искрени – сите знаат дека сами сте си ја напишале биографијата. Многу е подобро да пишувате во прво лице отколку да се преправате дека некој друг пишувал убави работи за вас. Освен тоа, кога пишувате во прво лице воспоставувате комуникација меѓу вас и читателите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •