7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Прилеп доби пречистителна станица за третирање на урбани отпадни води

Kabtel desktop

Во  Прилеп денеска беше пуштена во употреба пречистителна станица која ќе одговори на потребите на 95.000 граѓани – инвестиција од 50 милиони евра кои се обезбедени од Европската унија, од каде се одвоени и 3,5 милиони евра за изградба на ИКТ-центарот за потребите на МВР за складирање дата податоци при катастрофи.

Двата капитални објекти беа промовирани во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалници и други.

„Ова е четврта пречистителна станица во земјава која ги финансира ЕУ, по оние во Струмица, Радовиш и во Кичево. Ќе следува изградбата на пречистителни станици во Битола и Тетово, со тоа што овие четири  пречистителни станици чинат над 50 милиони евра. Тие ќе го подобрат заштитувањето на животната среина, а прочистителната станица ќе обезбеди и производство на био-гас“, рече премиерот Зоран Заев.

Според евроамбасадорот Жбогар, таквите проекти се за подобрување на животот на граѓаните и ја носат Македонија поблиску до ЕУ. Со проектот е опфатена и обнова на 60 километри долга канализацинона мрежа.

Министерот за финансии Драган Тевдоски, пак, потенцираше дека за четири месеци оваа е четврта пречистителна станица што се пушта во употреба.

„Придонесува за почиста животна средина, ќе опслужува 95.000 граѓани, а трите досега се за 126.000 граѓани. Ова придонесува и за економскиот раст во земјава, а и за стандардот на жителите на Македонија.“, рече Тевдовски.

За заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули, ова е значаен проект за заштитата на животната средина.

„Пред една година работите беа запнати, а сега ја отвораме станицата. Годинава очекуваме два проекти во рамките на фондовите на ЕУ за реализација на други пречистителни станици. Ако сето тоа се реализира, 20% од населението во земјава ќе ги подобри условите за живот, а тоа не се случило на ниту еден претендент кој сака да биде во ЕУ.“, наведе Макрадули.

На стартот на активностите за изградба на ИКТ центарот, Заев потенцираше дека тој е прв од ваков вид во регионот и ќе биде резервна база за виталните информациски системи во земјава. Најголемиот дел од средствата, 3,25 милиони евра се од ИПА фондовите на ЕУ за 2013 година, а свој удел од 152.000 евра има МВР кое ќе биде и краен корисник.

Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ИКТ центарот треба да биде готов до крајот на годинава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •