Завршни настани на проект реализирани и во општините Велес, Куманово и Битола

- Advertisement -

Изминатите три дена беа реализирани последните три завршни настани во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.  На 24 јули во ресторан Глориус во Велес, на 25 јули во ресторан Клуб во Куманово и на 26 јули во Салата на советот на Општина Битола, се одржaa завршните настани, во присуство на сите учесници во проектните активности.

Настан во Куманово

Поврзувањето на учесниците од работните група, со презентацијата на реализираните активности на проектот, постигнатите резултати и споделување на документот за политики со препораки, произлезен од реализација на сите активности, беа примарни цели, како и воспоставувањето на мрежа за соработка потребна за спроведување на Стратегијата за развој на ЖП на локално ниво, во периодот што следи.

- Advertisement -

Освен презентација на реализираните активности на проектот и постигнатите резултати, од страна на Здружението на бизнис жени, со свој осврт и збор се обратија и претставници на општините и од центрите за вработување. Од страна на имплементаторот пренесени беа добиените сознанија, импликации и препораки, а беше претставен и изготвениот Документ за политики (Policy Brief) произлезен од реализација на сите активности.

- Advertisement -

На завршните настани, во сите пет општини – Кичево, Ѓорче Петров – Скопје, Велес, Куманово и Битола, на задоволство на присутните учесници, имаше и церемонијален дел на доделување на Благодарници за сите кои придонесоа кон успешна реализација на проектните активности, како и Сертификати за посетената обука за родово буџетирање одржана во април, 2018, во рамки на проектот.

Настан во Битола

Присутните претставници од општините, институциите и локалните граѓански организации, како и жените претприемачки од локалната бизнис заедница од двете општини, се заблагодарија за дадената можност да се вклучат, вмрежат и придонесат со своето присуство на обуката и проектните активности, и изразија желба да се продолжи со вакви активности, кои ќе ги анимираат нивните општини и ќе се подстрек за жените да излезат од стереотипот и да го следат  светскиот тренд на економско јакнење и реализација на сопствениот потенцијал.

- Advertisement -

Повеќе информации за активностите и следните настани на0 ФБ страната на здружението.

 

Сподели!
- Advertisement -