11 C
Skopje
петок, мај 29, 2020

Министерството за економија ќе доделува субвенции за сертификат ХАЛАЛ

Kabtel desktop

Министерството за економија распиша повик за субвенционирање на компании за сертифицирање на ХАЛАЛ систем.

Според повикот, Министерството ќе финасира 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно, пишува InStore.

За овој вид субвенции Министерството издвои 2.200.000 денари, кои ќе бидат потрошени според правилото „прв дојден, прв услужен”.

Право на учество на јавниот повик имаат сите активни фирми со седиште во земјава кои работеле најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик и ги имаат подмирено сите обврски кон државата и вработените.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •