WhatsApp почнува да ги наплаќа пораките испратени до бизнис корисници

- Advertisement -

Откако Фајсбук го купи WhatsApp во 2014 години за 19 милијарди долари никој не знаеше каков е планот за WhatsApp да стане профитабилен.

Се чини дека се одговорото го нашле во наплата на пораките. Но пред корисниците да почнат панично да бегаат од WhatsApp, треба да се истакне дека пораките ќе се наплаќаат само на комерцијалните корисници, односно на компаниите. Со помош на нови алатки, компаниите ќе можат преку WhatsApp да понудат различни услуги и информации, како што се датум на испорака или пропусници за влез на аеродром.

- Advertisement -

Цената на пораките ќе се движи од 0,5 центи па се до 9 центи зависно од земјата во која се наоѓа компанијата, но во секој случај поскапа од обични СМС пораки. На компаниите ќе им биде дозволено бесплатно да одговараат на прашања, барања или проблеми на корисниците во период од 24 часа. Ако не одговорат во тој рок, одговорите ќе мора сами да ги платат.

Како и сите останати разговори, пораките пратени преку WhatsApp ќе бидат криптирани, односно самата компанијата нема да може да ја чита нивната содржина.

- Advertisement -

Меѓу првите компании кои ја прифатија оваа новина се Uber, онлајн трговецот Wish и туристичката агенција Booking.com.

Сподели!
- Advertisement -