12.9 C
Skopje
понеделник, октомври 21, 2019

Овој автомобил се претвора во авион за помалку од три минути

Словачката компанија Aeromobil сака да гонрепи проблемот со несоодветната инфраструктура по патиштата така што превозот ќе го префрли во воздух. AeroMobil физајнира летачки автомобили кои ги користат постојните авионски рути и на тој начин го намалува притисокот врз патиштата.

Нивниот летачки автомобил е готов, може да се нарачаува, а од компанијата тврдат дека доставата ќе почне во 2020 година. Цената на автомобилот во зависност од моделот ќе се движи од 1,2 милиони до 1,6 милиони долари. Најимпресивниот момент кај автомобилот е тоа што од автомобил во авион се трансформира за помалку од 3 минути.

За да се вози овој летачки автомобил ќе биде потребна и возачка дозвола и дозвола за пилотирање. На тестовите возилото достигнало максимална брзина од 160 километри на час при возење на копно и 360  километри на час при летање.

AeroMobil Flying Car

This car turns into a plane in less than 3 minutes.More info: http://bit.ly/2nTBJ16

Posted by Startup Selfie on Понеделник, 20 август 2018

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •