7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Instagram тестира виртуелна заедница за студенти

Kabtel desktop

Популарната апликација за објавување и споделување фотографии почна со тестирање на опција осмислена за собирање на студентите од ист факултет во виртуелна заедница онлајн. Instagram на избрани корисници им испрати покана за придружиување на групи тематски врзани за школите во кои одат. Корисниците се избрани врз база на друите кориснички профили кои ги следат, профилите со кои се врзани и јавните објави.

Тие што одлучиле да ја испробаат новата опција мора да го прифатат групирањето и да го изберат својот факултет и годината кога и ако дипломирале. Кога ќе се приклучат, на располагање имаат список со луѓе од истата година и истите редмети кои ги учеле, како и јавни Stories од луѓето на тој список.

Instagram time веројатно настојува и понатаму да ја задржи младата публика, која во се поголема мера го врти грбот на матичната компанија Facebook. Сепак, треба уште малку да се поработи на оваа опција за подобро да се заштити приватноста на корисниците.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •