-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Роботите до 2025 година ќе вршат повеќе работи од луѓето

Kabtel desktop

Роботите најдоцна сдо 2025 година ќе вршат 52% од постојните работи, што е речиси дупло повеќе од сега, покажа најновот истражување на Светскиот економкси форум. Истражувањето се базира на анкети во кои учествуваче директори на кадровски служби и останати високо рангирани челници на компании од целиот свет со учество во глобалниот БДП од 70%.

Според нивните проценки, машините до 2025 година ќе вршат повеќе од половина од постојните задачи на работните места, додека денес тој процент е 29%, покажува извештајот „Иднината на работните места 2018“ на Светскиот економски форум, пренесува Klix.ba.

Паралелно луѓето би можеле да добијат и нови улоги, за што ќе биде потребна преквалификација за да држат чекор со сеизмичките промени во работата со машините и компјутерските програми, проценуваат во Светскиот економски форум.

Брзите промени на машините и алгоритмите, компјутерските процеси насочени кон решавање проблеми би можеле да креираат 133 милиони нови улоги, кои ќе ги заменат 75-те милиони кои ќе ги снема од денес до 2022 година, предвидуваат истражувачите.

Авторите на извештајот предвидуваат и дека роботите брзо ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиенти и во индустрискиот, поштенскиот и секретарскиот сектор. Паралелно би требало да порасне побарувачката за работи кои бараат човечки вештини како што се продажба, маркетинг и односи со клиенти, како и електронска трговија и социјални медиуми.

Голем предизвик ќе биде преквалификацијата на луето, кои ќе бидат под притисок да усвојат нови вештини, посебно на полето на креативноста, критичкото мислење и уверувањето. До 2022 година посебно ќе биде силна потребата за преквалификација на работниците во авиосообраќајот, секторот патувања и туризам, утврдиле авторите на извештајот. На владите, пак, им советуваат да подготват програми за поддршка на работниците и заедницата.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!