14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

SpaceX го откри името на првиот турист до Месечината!

Kabtel desktop

Во целата историја на истражувањето на вселената вкупно 24 луѓе патувале до Месечината. Милијардерот Јусаку Маезава сега ќе стане дел од таа елита. SpaceX денеска објави дека јапонскиот колекционер на уметнички дела, музичар и претприемач склучил договор со компанијата на Илон Маск да биде првиот патник и првиот приватен астронаут кој ќе патува до Месечината.

Но, тој нема да биде сам. Во презентацијата утрово во седиштето на SpaceX, која траеше речиси два часа, Маезава и Маск ја презентираа нивната визија за првото патување во новата ера на вселенски туризам. Проектот го нарекле „Dear Moon“, а во рамките на него 6-8 туристи уметници ќе патуваат заедно со Маезава околу Месечината во редизајнираната ракета BFR (Big Falcon Rocket).

BFR прв пат беше најавен во 2016 година. Маск детално објасни како ќе изгледа ракетата која е реупотреблива. Најновата верзија на BFR е висока 118 метри, има 31 мотори Raptor и може да подигне товар од над 100 метрички тони до нискиот дел од Земјината орбита. Потоа погонскиот дел ќе се врати на Земјата за да се реупотреби, а останатиот дел од BFR ќе може да се полни со гориво во вселената и да патува во длабокиот дел од космосот.

„BFR навистина е наменет да биде интерпланетарен транспортен систем кој ќе може од Земјата да не однесе каде било во соларниот систем“ изјави Маск.

Компанијата планира да почне да го тестира возилото идната година, а во 2020 година ќе тестира и летови со голема брзина и на голема визина. Лансирањето за Месечината е планирано за 2023 година, но Маск беше искрен и изјави дека временската рамка што ја поставиле важи само ако се оди според планот. Тој додаде дека станува збор за неверојатно голема ракета со незамисливо напредна технологија и не е 100% сигурно дека ќе успеат да полетаат, пренесува New Atlas.

Јапонецо Маезава се надева дека летот до Месечината ќе ги инспирира уметниците што ќе одат со него да направат неверојатни дела кога ќе се вратат. „Уште како дете ја сакав Месечината и кога гледав во неа добивав секакви идеи. Токму затоа не можев да ја пропуштам оваа прилика и да ја видам Месечината одблиску, но не сакав тоа да го доживеам сам, туку да го споделам со други“ вели Маезава.

Уште нема одлучено кого ќе повеќе со себе на птаувањето, но за да посочи на каков калибар луѓе мисли ги спомена како примери Пикасо, Ворхол, Мајкл Џексон, Коко Шанел и Џон Ленон. „Овие уметници ги обожавам. За жал не се повеќе меѓу нас, ама има многу други како нив кои се.“

SpaceX ќе организира обуки за Маезава и неговите пријатели, а Маск не крие дека станува збор за ризично патување за кое е потребен тренинг и има шанси нешто да тргне наопаку. Тој додаде дека ќе направат се за да нема проблеми, но секогаш кога се користи нова технологија во вселената мора да се биде храбар.

Не е позната цената на ова прво туристичко патување до Месечината, но Маск изјави дека Маезава дал навистина голем депозит со кој ќе се доврши развојот на BFR.  Се очекува летот да трае една недела. Точната мисија допрва ќе се прецизира, но Маск изјави дека веројатно ќе дојдат навистина блиску до површината на Месечината, ќе поминат околу неа и ќе се вратат назад.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •