Европскaта унија го предупреди Facebook да ги промени условите и одредбите за користење

- Advertisement -

Брисел го предупреди Facebook да ги промени своите „лажни“ услови и одредби или во спротивно ќе сноси последици. Европската амбасадорка за заштита на потрошувачите, Вера Јурова изјави дека и снемува трпениe во врска со оваа ситуација. Битно е да се нагласи дека веќе две години трае настојувањето европските корисници на оваа социјална мрежа да добијаат повеќе информации за тоа како се користат нивните податоци и информации.

„Не кријам дека станувам нетрпелива затоа што сме во преговори со Facebook последниве две години. Сакам да видам резултати“, истакна Јурова. Доколку Facebook до крајот на годината не ги промени условите и одредбите за користење, ќе сноси санкции.

- Advertisement -

Своите услови и одредби треба да ги променат и Google, Airbnb и Twitter. Од Facebook тврдат дека последната обнова на нивните услови и одредби на користење, која е извршена во мај годинава, се однесува на најголем дел од промените кои ги бараат регулаторите.

Нашите услови и поставки сега се полесни за разбирање и корисниците поедноставно можат да сфатат што е, а што не е дозволено на Facebook. Исто така, појасни им се опциите што ги имаат“, велат од Facebook.

Сподели!
- Advertisement -