Лондонската берза објави листа од 1.000 компании кои ја инспирираат Европа! Меѓу нив и компании од Балканот!

- Advertisement -

1000 Companies to Inspire Europe е годишен извештај кој го право групацијата на Лондонската берза со цел да ги истакне некои од најбрзорастечките и најдинамични мали и средни компанииво Европа. Освен што се идентификуваат топ 1.000 компании, во извештајот детално се анализираат приликите и предизвиците со коишто се соочуваат малите и средните претпријатија, како и поединечните сектори и трендовите кои преовладуваат во нив.

Во годинашниот извештај најзастапени се компаниите од секторот Производство и инженеринг, по што следува секторот Храна и пијалаци. Тоа значи дека потенцијалот за индината на европската економија е разнолик.

- Advertisement -

Романија и Унгарија ги имаат просечно најбрзорастечките компании, додека германските компании имаат најмногу патенти и иновации, што и не е чудо бидејќи Германија е на врвот по производството во групата G7 најразвиени земји. Всушност, сите компании вклучени во извештајот имаат речиси 10.000 патенти, што значи дека работните места коишто ги креираат вообичаено бараат повеќе вештини и знаење, се повеќе платени, што значи дека се и попродуктивни.

Ние немаме наш претставник на листата, но имаат некои од нашите соседи.

- Advertisement -

Бугарија има пет компании на листата: Magic Flame, која се занимава со увоз-извоз; SK-PSD Group од секторот Големопродажба; Titan Gate JSC од секторот Технологија; TM Technology AD од секторот Производство и V-TAC Europe Ltd од секторот Големопродажба.

Хрватска исто така има пет претставници: Comping од секторот ИТ технологија; Invest Sedlic doo од секторот Големпродажба; Milnar d.d. од секторот Храна и пијалаци; SOLVIS DOO од секторот Енергија и Valipile d.o.o. од секторот Земјоделство, сточарство и шумарство.

- Advertisement -

Грција има најмногу претставници на листата, дури 10 компании: AGRIFREDA SA од секторот Храна и пијалаци; AGROVIM од секторот Храна и пијалаци; Cosmos Sport од секторот Малопродажба; ELVIAL од секторот Производство; Gefsinus од секторот Храна и пијалаци; Greek Air Cargo од секторот Логистика; InterMed од секторот Фармација и наука; MEGA SA  од секторот Производство; Megas Yeeros од секторот Храна и пијалаци и SOURSOS S.A. од секторот Храна и пијалаци.

Сподели!
- Advertisement -