12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

ВИДЕO: LuDela е најпаметната и најбезбедната свеќа во светот

Kabtel desktop

Оваа свеќа се контролира со апликација за телефон и ги решава сите проблеми во врска со безбедноста и естетиката со кои се соочууват корисниците на миризливи свеќи. Свеќата е направена од вистински восок, но на средината нема вистински конец кој се пали и гори туку има Everbrite пламен, кој одржува постојана светлина.

„Нема ништо како светлината, мирисот и амбиентот кој го создаваат свеќите, но тие се ризични, восокот прави неред и одзема време да се запалат повеќе свеќи. LuDela ги решава сите тие проблеми со паметна свеќа која е попрактична и побезбедна, а сепак ја создава истата магија како обичните миризливи свеќи“ вели Џејми Бјанкини, соосновач и извршен директор на LuDela. 

Благодарение на иновативната технологија во секоја соба можете со само едноставно притискање на копче да создадете прекрасна атмосфера со неодолив мирис за мир и релаксација во домот. Најдобро од се е што можете да ја програмирате да се пали кога сакате, а има посебни опции за гаснење ако се преврти, заштита од деца и аларми во случај на незгода.

Сепак, најдобрата страна од LuDela е тоа што додека уживате во удобноста и спокојот на домот опкружени со прекрасен мирис можете да бидете среќни и задоволни од уште една причина – со користењето на овие свеќи вие помагате на сиромашните и обесправените затоа што со секој продаден производ се донираат пари за опремување на библиотеки во рурални средини.

 

https://www.kickstarter.com/projects/1960836911/ludela-perfect-scented-real-flame-remote-controlle

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •