Освен „Ретина“ екранот, новиот MacBook Air има за 50% потенки рабови и дизајн сличен на стандардниот MacBook со подобри компоненти. Доби 13,3-инчен екран, два USB-C портови и 3,5 мм влез за слушалки.
Новиот MacBook Air е тежок само 1,24 килограми и поседува Touch ID технологија за логирање и истиот Т2 процесор кој што го имаат минатогодишниот MacBook Pro и iMac Pro. Сепак, кај овој модел недостасува TouchBar, што сепак можеби е и позитивна вест за одреден дел од корисниците кои што сметаат дека тоа е непотребно.
Според многумина, овој уред во суштина е модерен MacBook Pro во димензии на Air дизајнот, а ја поседува и истата тастатура од третата генерација. Новиот MacBook Air пристигнува со осмата генерација на Интел dual-core процесорот со интегрирана графичка карта до 16 GB RAM меморија и секако SSD меморија.
Основниот модел на новиот MacBook Air има 8 GB RAM меморија, 1,6 GHz Core 15 процесор и 128 GB SSD меморија, а чини 1,199 долари.