Козметичкиот гигант L’Oreal направи преносен сензор за мерење на загадувањето на воздухот

- Advertisement -

L’Oreal е една од најголемите козметички компании во светот, но последните неколку години компанијата развива и интересни технолошки решенија кои би требало дополнително да помогнат во заштитата на кожата. Меѓу таквите нивни производи се My UV Patch, налепница која корисниците ги известува какво е влијанието на зрачењето на сонцето врз кожата, како и UV Sense, мал гаџет кој ја следи изложеноста на луѓето на сонце.

Најновиот технолошки производ на L’Oreal, My Skin Track/UV е преносен гаџет без батерии кој следи повеќе работи во исто време: изложеност на УВ зрачењето, загадување на воздухот, штетните честички и влажноста. Гаџетот е направен во соработка со компанијата La Roche-Posay и со професорот Џон Роџерс од американскиот универзитет Нортвестерн.

- Advertisement -

Гаџетот е водоотпорен и работи на погонот на паметниот телефон на корисникот со користење на NFC технологија, а сензорот се активира со сончевата светлина и дава моментален статус на она што го следи. Податоците може да ги складира во период од 3 месеци. Примарната функција му е следење на УВ зрачењето, но со интегрирање со Apple HealthKit може да следи влажност, количина на штетни честички и загадувањена воздухот. L’Oreal и партнерите се погрижиле овој гаџет да изгледа како некој украс или дел од накит. Засега е достапен само на App Store по цена од 60 долари.

Сподели!
- Advertisement -