Конференцијата за вмрежување ќе содржи четири панел дискусии со претставници од различни министерства, институции, организации и компании, а предвидени се и Б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот
Конференција за вмрежување на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ” ќе се одржи денеска во Скопје на која се најавени над 200 претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од Македонија и балканските земји.
Конференцијата за вмрежување ќе содржи четири панел дискусии со претставници од различни министерства, институции, организации и компании, а предвидени се и Б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.
Настанот е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.
Финалната конференција за вмрежување е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)”.
Една од првите активности на проектот е формирањето на Националниот совет за женско претприемништво со кој се постигнува градење на влијателна заедница која се залага за подемот на жените претприемачи, создавајќи средина за жените да инвестираат во жени и поврзување на жените со повеќе можности и практични алатки за остварување на нивните бизнис цели.
МИА