14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

ВИДЕО: Еве зошто Франција е земја со најодржлива политика за храна во светот

Kabtel desktop

Еве зошто Франција е најдобрата земја во светот за намалување на отпадот од храна. Супермаркетите мора да го донираат вишокот храна на добротворни организации или да платат казна. Училиштата мора да ги едуцираат учениците за одржливо однесување со храната, а рестораните се обврзани да им дозволат на луѓето да си ја земат храната дома ако така сакаат.

Изгледа дека сите тие закони навистина функционираат. Сега еден просечен Французин произведува по 67.2 кг отпад од храна годишно. За споредба, еден Американец годишно произведува по 95 килограми отпад од храна.

На глобално ниво една третина од произведената храна годишно завршува во отпад. Сето тоа дополнително го зголемува и така огромниот куп од отпад во светот тежок дури 1,3 милијарди тони. Намалувањето на отпадот од храна е нешто што мора да се направи за да се стопираат климатските промени бидејќи земјоделството троши многу вода и енергија, а разложувањето на храната по депониите создава гасови кои дополнително ја загреваат планетата.

На светско ниво емисијата на стакленички гасови од отпадот од храна е поголема од емисијата што ја прави која било друга земја во светот освен САД и Кина. Франција е првата земја во светот која донесе посебни закони за отпадот од храна, а ова е втора година по ред како е прогласена за најдобра земја за справување со отпадот од храна.

This is why France is the most food sustainable country in the world

Topping the rankings for the second year in a row. Read more: https://wef.ch/2AtZXVC

Posted by World Economic Forum on Среда, 28 ноември 2018

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •