5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Во многу земји мобилниот Интернет е побрз отколку безжичната мрежа

Kabtel desktop

Брзината на преземање на мобилните мрежи во многу земји е значително поголема од брзината на преземање на безжичните мрежи, покажа истражувањето на компанијата OpenSignal. Во него се наведува дека мобилните податоци треба да добијат уште поголема брзина со 5G мрежата.

Тестирањата на брзината на безжичниот Интернет во 80 земји во светот покажало дека брзината заостанува во 33 од земјите. Безжичниот Интернет е најбриот начин на конектирање во најголем дел од земјите, но од OpenSignal наведуваат дека е можно да дојде до задушување на мрежите поради големиот број радиофреквентни мрежи бидеји секој може да постави wi-fi мрежа на локација која некој веќе ја користи.

Од друга страна, мобилните мрежи мора да имаат дозвола за спектарот кој го користат, така што, теоретски, би требало да овозможуваат поконзистентно искуство, истакнуваат од компанијата. Во Австралија има најголема предност на мобилната мрежа пред WiFi, со просечна брзина на преземање од 34,6 мегабити по секунда, што е за 13 Mbps повеќе од брзината на WiFi. Во слична ситуација се и Катар, Франција, Мексико, Турција и Јужна Африка. Во Хонгконг, САД, Тајланд, Израел и во Русија безжичните мрежи во просек се двапати побрзи од брзината на мобилните мрежи.

Во 63% од случаите, односно во 50-те земји во кои е достапна 4G мрежа мобилните мрежи се побрзи, а разликата само ќе се зголемува откако ќе се активираат мрежите од петтата генерација затоа што најголем дел од подобрувањата ќе бидат резултат на надградбата на широкопојасните мрежи.

Меѓутоа, една друга компанија за мерење на брзината на податоци предупреди дека ова може да потрае некое време пред сите луѓе да добијат 5G мрежа.  Инфраструктурата развиена за 5G веројатно нема да се шири во оддалечени региони. WiFi ќе остане битна алатка за давање брзи интернет врски за дел од жителите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •