Македонско – израелскиот стартап Exai овозможува изработка на веб страница за еден ден!

- Advertisement -

Македонско – израелскиот стартап Exai Website Builder на нашиот пазар е активен една година. Решенијата кои им ги нуди на своите клиенти им даваат слобода самите да го менуваат изгледот на веб страницата, без претходно искуство во програмирање и веб дизајн. Exai Website Builder има иновативна технологија за изработка и автоматско одржување на вебсајтови, слична на таа што ја нудат веќе светски познатите Wix и Squarespace.

Гал Моран CEO на Exai, како и сѐ повеќе странски инвеститори кои го гледаат потенцијалот што го нуди Македонија во поглед на неискористен млад, талентиран и високо образован кадар во нашата земја дошол со намера да регрутира таленти. Сега во неговиот тим работат14 млади ИТ инжинери. Моран за „Иновативност“ раскажува за подемот на компанијата и плановите да се освојуваат светските пазари.

(Разговараше – Сања Наумовска)

- Advertisement -

 

Exai е млад македонско – израелски стартап, кој на нашиот пазар е присутен околу една година. Кажете ни за каква компанија се работи?

- Advertisement -

Во 2012 година Exai со продуктот Exai Website Builder се оддели од Трафик Медиа. Exai беше основан со инвестиран почетен капитал од 15 милиони долари и тим од 60 луѓе во Тел Авив. По неколку години развој, беше невозможно да се натпреваруваме со американските компании во регрутирање на таленти. Во Македонија случајно пронајдов програмер кој што беше многу добар и одлучив дека штом пронајдов еден сигурно има и повеќе како него. До сега пронајдов 14 талентирани луѓе, меѓу кои и Тошо Мицевски кој веќе работи на својот образовен старт-ап TeachHoot, а сепак беше подготвен да го препознае потенцијалот на нашата технологија и да ни се придрyжи во тимот. Exai е првиот стартап во Македонија кој дели 30 отсто од компанијата со вработените.

Како беше иницирана македонско-израелската соработка, чиј резултат е Exai?

- Advertisement -

Како сериозен претприемач, знам како да пронајдам добри можности. Денес во Израел нема невработеност, платите се високи и конкуренцијата во привлекување на таленти е многу висока. Скоро е невозможно да се споредуваме со големите компании кои имаат големи развојни центри во Израел како Intel, Microsoft, Google, Facebook итн. Тие, не само што нудат добри плати, туку и бенефиции кои мала компанија не може да ги понуди само затоа што е мала. Открив дека во Македонија, иако најголем дел од луѓето го имаат тој Балкански менталитет, еден дел од младите луѓе имаат или се стекнале со израелски или американски менталитет. Случајно пронајдов една таква личност и од тогаш се одлучив да барам и други такви личности.

Македонија е мала земја која сѐ уште не е влезена во Европската Унија и луѓето немаат многу добри прилики, а со тоа голем број од талентите пропаѓаат.  Exai им дава место каде да ги истакнат своите таленти и така секој победува. Вработените имаат лични придобивки со тоа што веќе не се фрустрираат дека нема каде да го искористат својот талент, а од друга страна Exai ги добива најдобрите таленти.

Какви решенија им нуди Exai Website Builder на своите клиенти, како најлесно да стигнат до веб страна? 

Проблемот денес не е да се направи веб страна, туку истата да се оптимизира и одржи на добро ниво што ќе овозможи да се привлечат повеќе клиенти во бизнисот. На ниво на интерфејс, Exai е изграден повеќе како програмски софтвер во споредба со обичниот Content Management System. Користи систем на наследување што овозможува, на пример, промената на фонтот со еден клик да се аплицира на целиот веб сајт. Секако, доколку е потребно може да се направат промени на фонтот и на ниво на одделен елемент во самата веб страна.

Со цел да се зголеми продуктивноста, Exai исто така користи сличности. Правиме внатрешно структурирање на дизајнот при што групираме страни кои имаат исти одлики. Ова внатрешно структурирање ги групира одликите од неколку страни и кога се прави промена на една страна, сите други страни во таа група ја наследуваат истата одлика. Исто така може да се назначи особина на една страна од една во друга внатрешна структура, при што страната од една внатрешна структура ги превзема особините на другата структура. Го правиме истото и на ниво на елемент. Групираме слични елементи низ целата веб страна и кога сакате да го промените изгледот на неколку елементи, променувате само еден елемент и ги аплицирате промените на сите слични елементи на една страна или на целиот веб сајт.

Овие и многу други предности го намалуваат времето за правење на веб сајт за околу десет пати. На пример, ако ви требаат десет дена за да направите веб страница на WordPress, нам ни треба само еден ден. На овој начин овозможуваме подобар производ за пониска цена.

Велите дека го трасформирате сложеното менаџирање на веб страните со лесно, флексибилно и пристапно решение. Што значи тоа за клиентите?

Значи дека ja добиваат истaтa веб страница со подобра технологија и мобилна верзија за тие што ја немаат. Во Exai го правиме истото што го прави Microsoft. Од друга страна, со WordPress е невозможно да се направи истото бидејки нивните датотеки најчесто се во диск и не постои машина која создава HTML, CSS и други делови.

Што е разликата, односно иновативноста во технологијата за изработка и одржување на веб страни, за разлика од конкуренцијата?

За разлика од веб страниците на WordPress, кои треба да се апдејтираат еден по еден, Exai има датабаза и машина, со која, кога ја поправаме машината ги поправаме и сите веб страници одеднаш.

Овие поправки чинат десетици илјади долари секој пат, но кога ќе се поправи машината ги публикуваме сите веб-страници. Како што веќе спомнав, ги земаме податоците од датабазата, ги внесуваме во машината и ги надградуваме сите веб-страници одеднаш.

Една од новините е и целосната миграција на веќе постоечки веб сајт на платформата на Exai?

Да, миграција на постоечки веб со ваков висок квалитет и ниски цени сѐ уште не постои на пазарот.  Website migration значи дека со помош на нашата технологија правиме клон на постоечката веб страна, односно ја реплицираме и целосно ја интегрираме со нашата технологија. Доколку е потребно да се направат дополнителни модификации на боите, дизајнот и позицијата на сликите и елементите тоа го прават нашите дизајнери рачно. Сајтот ќе ја задржи идентичнооста што претходно ја имал. Сите наредни надградувања и оптимизирања на веб страната ги вршиме преку нашиот систем, што значи дека никогаш нема да треба надворешна помош за било. Со тоа се заштедува многу пари на оптимизација и поправки, а истовремено се обезбедува веб страната да не ја изгуби функционалноста. Се` останува исто како предходно, но во безбедни раце.

Насочени сте кон развој на малите бизниси, објаснете ни што значи тоа за вашите продукти?

Значи дека продуктот не е нешто што го правите еднаш и сте завршиле со тоа. Треба константно да се прилагодува на потребите на пазарот. На пример, пред неколку месеци Google воведе нова политика наречена Mobile First. Тоа значи дека сите мали бизниси кои имале успешен вебсајт може да ги изгубат клиентите затоа што немаат мобилна верзија од вебсајтот.

Како што може да видите, во оваа индустрија има константни и брзи промени што постојано мора да се применуваат во софтверот.  Со помош на Exai Mobile Friendly се надминува овој проблем.

Кој е тимот што стои зад Exai Website Builder?

Во последните неколку месеци го проширивме македонскиот тим, а го намаливме израелскиот, па така сега 65 отсто од тимот на Exai е во Македонија. Имаме тим за продажба, маркетинг тим, дизајнери и програмери.

Кои пазари се цел на вашиот стартап?

Exai цели кон мали и средни претпријатија кои сочинуваат 65 отсто од глобалната економија во западните земји каде бруто домашниот производ е над 30.000 долари по жител. Во светот има околу 300 милиони такви претпријатија и повеќето од нив се во овие земји. На пример во САД има 230 милиони луѓе и повеќе од 28 милиони мали и средни претпријатија. Секојa од овие компании троши од неколку стотини до неколку илјади долари на нивните веб страници секоја година. Математиката е 300 милиони помножени со годишниот трошок и се добива вкупната вредност на пазарот која е милијарди долари годишно.

Какви се плановите на Exai за иднина?

Нашиот план е да станеме водечки производ на пазарот. На пример Wix моментално држи 1,8 отсто од пазарот и вреди 4.2 милијарди долари на Nasdaq, ако оваа сума ја поделиме со 1,8 отсто, секој процент од пазарот вреди околу 2.3 милијарди. Нашата цел е да заземеме 0,2 отсто од пазарот што би вредело околу 460 милиони долари. Exai е конкурент на Open Source платформите кои држат околу 70 отсто од пазарот и ќе биде многу тешко да ги заземеме тие 0,2 отсто од 70 отсто, но сепак е изводливо.

Сподели!
- Advertisement -