22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Историски момент – SpaceX по трет пат лансираше една иста ракета

Kabtel desktop

Кога извршниот директор на SpaceX, Илон Маск зборува за реупотребливи ракети, тој замислува тие да функционираат како авиони, да се спуштаат на земја, да се чистат и повторно да летаат. И тоа брзо. Компанијата направи многу битен чекор кон остварување на таа иднина – бустерот на ракетата Falcon 9 кој двапати веќе беше искористен сега леташе по трети пат.

SpaceX досега има остварено повеќе мисии откако првпат успешно ја потврди реупотребливоста на ракетите во март 2017 година. Способноста да се приземјат и повторно да летаат е огромно откритие во ракетната технологија, но идејата е овој циклус да не биде еднократен и да може да се повторува одново и одново.

Можеби не влева доверба глетката на една поцрнета ракета од претходно полетување која пак се подготвува да поелта, но тоа е знак дека станува збор за искуство, а не за потрошливост. Минатата година Илон Маск двапати ја искористи истата ракета која полета вчера. Ова е нејзината трета посета на вселената без никакви проблеми. Ракетата се приземји на бродот на SpaceX во Тихиот Океан само неколку минути по полетувањето.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •