Германски моден бренд направи патики од кожа добиена од маслинки

- Advertisement -

Германскиот семеен моден бренд Thies лансираше линија одржливи обувки направени од „olivenleder“, односно од 100% веганска кожа добиена од лисјата од маслинките кои се отпаден материјал при бербата. Обувките за мажи и жени и се патентирани со „воден-зелен“ метод за производство на ултратенка кожа од супстанцијата која лисјата од маслинките ја користат за да се заштитат од штетници.

OBE е активната состојка на методот и се добива од лисјата со помош на процес сличен на варењето чај. Се произведува во фабрики кои ги исплонуваат насјтрогите закони на прехранбената индустрија. Ниедно дрво не е соголено, ниедно стебло не е жртвувано и ниедна нива не е пренаменета во плантажа за производство на овие обувки.

- Advertisement -

Лисјата кои ги користи германската компанија, всушност, производителите на маслиново масло ги спалуваат. Додека детските обувки се целосно направени од веганска кожа од маслинки, патиките имаат ѓон од вистинска гума. Малопродажната цена на чевлите се очекува да се движи околу 160 евра за унисекс патиките и 70 евра за бебешките обувки.

Сподели!
- Advertisement -