13 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Во текот на 2018 година биле преземени повеќе од 113 милијарди апликации

Kabtel desktop

Компанијата за мобилни податоци и аналитика App Annie соопшти дека преземањето апликации и игри, како и нивното користење во 2018 година го надминало минатогодишниот рекорд за 10%. Врз база на прелиминарните податоци од 15 декември, App Annie предвиде дека глобалното преземање преку iOS и Google Play ќе надмине 113 милијарди преземања за 2018 година, што е за 10% повеќе отколку во 2017 година.

Користењето апликации и игри, според прелиминарните податоци, порасна за 20% во однос на минатата година. Резултатот е растечки број на корисници на мобилни игри, што воедно е и најпопуларниот и најпрофитабилниот пазарен тренд. Но, не треба да се занемарат и се поголемите приходи од претплата за обичните апликации.

Игра на годината е Fate/Grand Order, додека Netflix ја има апликацијата на годината. Останатите апликации можете да ги видите од листата.

Освен тоа, прелиминарните резултати покажуваат дека мобилните телефони се користеле подолго време во 2018 година отколку кога било порано. Просечниот корисник на паметен телефон во САД, на пример, поминал речиси три часа дневно на апликации, што е за 10% повеќе отколку во 2017 година и 20% повеќе отколку во 2016 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •