21 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Иновативност рецензија за Huawei Mate 20 Pro: Љубов на прв поглед!

Kabtel desktop

Неколку дена бескрајно уживање со Huawei Mate 20 Pro. Премногу иновациии за откривање во еден уред за кој, дефинитивно после ова тестирање, може да кажам дека заслужено во 2018 година го носеше епитетот “технолошки супериорен“! Зошто? Прочитајте во нашата рецензија!

Подготви – Верица Јорданова

Едно е сигурно. Huawei Mate 20 Pro внесе сериозно висока доза на возбуда во нашето семејство. Сите пасионирани за најновите технолошки достигнувања, секој од свој аспект, сакаше да дознае што е магијата на овој телефон, во кој дефинитивно се вљубуваш на прв поглед. Мене лично брзината на телефонот и квалитетот на фотографиите ми се од пресудно значење. Секојдневното одење на настани и одржување бизнис состаноци буквално „ја преселија“ мојата канцеларија во телефон. Од него во исто време ги работам социјалните профили на Иновативност, испраќам и примам  мејлови, комуницирам со колеги и клиенти, а на настани од кои е важно бргу да се известува телефонот го користам за сликање фотогафии, снимање на аудио и видео фајлови, нивно брзо едитирање и праќање во етер. Речиси постојано во исто време ми се отворени неколку апликации поради што е многу важно телефонот да работи брзо, а апликациите да не се блокираат меѓусебе. Тестирањето на Huawei Mate 20 Pro во полна пареа не покажа каков било застој и дефинитивно може да потврдам дека префиксот PRO е заслужен. Заради честата фреквенција на користење на уредот и честото полнење со нови фајлови и симнување на документи, внатрешната меморија од 128 GB е големо олеснување. Ова за професионално користење на овој телефон е навистина важен адут.

Но, моето користење на Huawei Mate 20 Pro не беше воопшто забавно за останатите членови во семејството, кои вообичаено се погласни од мене. Kaj нас дома многу често телефоните се користат за слушање музика, па сопругот и синот го искористија најновиот и според сите рецензии, технолошки најнапредниот паметен телефон на денешницата, да истестираат како звучи. Покрај беспрекорниот звук, пријатно изненадување беше позицијата на звучниците, кои во овој модел се лоцирани на отворот за полнење на батеријата, но целосно скриени што е различно од она на што досега сме навикнати. Тоа овозможи рамномерно слушање на музика, без разлика во кој правец беше поставен телефонот.

Секако, кога телефонот доаѓа во рацете на децата настанува вистинска борба за превласт. Дали 12-годишникот ќе ги игра неговите видео-игри кои бараат „ѕвер“ од процесор каков што нуди овој модел или 7-годишното девојче кое на You Tube ги прегледува своите омилени видео канали. Кога станува збор за гледање видеа, доживувањето е спектакуларно. AMOLED екранот со големина од 6.39 инчи има можност за прикажување на 16 милиони бои кои се толку живи што креираат впечаток дека сте буквално на местот кое го гледате на екранот. Боите, големината на екранот, звукот и целосниот дизајн на овој уред создаваат навистина спектакуларно доживување. Веројатно и затоа битката кој попрво да гледа видео или да игра игра беше сосема нормална.

Целокупната компјутерска моќ на Mate 20 Pro е базиранa на Intel Core i5-7300

Гледано од машка перспектива, заоблените рабови на телефонот, резолуцијата 3.120×1.440, трите камери со Leica леќи на задната страна прават кристално чисти и прецизни фотографии кои слободно можат да се користат во професионални цели, какви што е мојата – работа на веб портал. Дефинитивно заоблените рабови, темно сината боја и кристално- стаклената позадина го прават овој уред неодолив сојузник на секој професионалец  на кој паметниот уред му е секојдневна потреба.

И дефинитивно најголемиот адут на Huawei Mate 20 Prо е вештачката интелигенција. Комбинацијата од Kirin 980, мобилниот AI чипсет и 8-јадрениот процес даваат уникатен сет од можности кои засега се уникатни само за овој модел: можност за идентификација до допир наместо со ПИН, а во сегментот AI Life со помош на вештачката интелигенција може да скенирате кој било производ и телфонот да ви покаже каде и по која цена може да го купите тој или слични производи. За оние кои често патуваат во други земји овде е опцијата за јазичен превод на улични ознаки, менија во ресторан и сл. што значително може да ви го олесни престојот во странство. Вештачката интелигенција му дава на неговиот сопственик и можност да направи wi-fi мост со своите гости без притоа да ја открие лозинката, ситуација со која се соочуваме постојано.

Кога сите овие карактеристики ќе се надополнат со батеријата од 4.200 mAh сосема е логично е зошто овој уред е број еден на пазарот. Батеријата на Mate 20 Pro ја поддржува и Super Charge технологијата од новата генерација, со моќност од 40W, која може да ја наполни батеријата на паметниот телефон од 0 до 70% за само 30 минути! Тоа овозможува негово целодневно користење со сите негови можности без опасност да останеш без батерија.

За син ми, дете од генерацијата опседната со технологија, wow ефект предизвика не само фактот дека батеријата може да се полни до 70% за 30 минути, туку и фактот дека истата може безжично да се полни од друг телефон.

Во секој случај, премногу иновациии за откривање во еден уред за кој, дефинитивно после ова тестирање, може да кажам дека заслужено во 2018 година го носеше епитетот “технолошки супериорен“!

Фотографиите во овој текст се направени со Hawei Mate 20 Pro за време на новогодишно-божиќните празници, кога имавме преубава прилика  кулинарските активности да ги сликаме со тројната Leica камера.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •