МАСИТ стартува проект за преквалификација во ИТ кадри

- Advertisement -

Во март 2019 година, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот ќе започне проект за преквалификација на кадри со кој ќе бидат опфатени вработени и невработени лица. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, каде во иднина потенцијално би се вработиле.
Програмата за преквалификација ќе трае околу 3 месеци, а ќе започне во март, по регрутирање на кадарот кој потенцијално би можел да влезе во оваа програма.

Низ процесот на преквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично, ќе работат на конкретен проект и ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во ИТ компаниите.

- Advertisement -

 

Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години и да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ.

- Advertisement -

Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии.

За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување.

- Advertisement -

Предност при селекцијата ќе имаат невработените кандидати. Сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на contact@masit.org.mk најдоцна до 25.01.2019 година.

Селектираните кандидати ќе платат 10% од реалната цена на обуката, односно 142 евра во денарска противвредност и да потпишат “писмо за посветеност и обврзување” со кое ќе се потврди нивното учество до крајот на програмата. Во спротивно, односно во случај на откажување, учесникот е обврзан да плати 50 % од реалната цена на курсот.

Сите заинтересирани кандидати своето CV можат да го пратат на contact@masit.org.mk најдоцна до 25.01.2019. Контакт-лице Александра Чавдаревска, 078/360570,  aleksandra.chavdarevska@masit.org.mk

Сподели!
- Advertisement -