21 C
Skopje
среда, август 12, 2020

Десет највредни стартапи во светот основани од студенти

Kabtel desktop

Претприемачите често имаат пропаднати бизниси додека не го создадат вистинскиот. Но, има и многу такви со посебна вродена дарба за бизнис и таленти кои уште веднаш резултираат со успешни бизнис приказни, и тоа многу рано во младоста

Во случајот со претприемачите за кои ќе прочитате во продолжение, тоа се случило уште додека биле студенти. Ќе ви ги наведеме десетте највредни стартапи основани од студенти во светот. На врвот на листата, се разбира, е гигантот Microsoft, основан од Бил Гејтс и Пол Ален во далечната 1975 година додека уште студирале на Универзитетот Харвард. Иако повеќе не е најголемиот акционер во компанијата која ја основал, Гејтс е еден од најбогатите луѓе на планетата познат по својата филантропија.

Она што е интересно е што на оваа листа се наоѓаат претежно технолошки компании.

1.Microsoft

Microsoft е компанија основана од Бил Гејтс и Пол Ален во 1975 година. Вредноста на компанијата денес е 851 милијарди долари.

2. Facebook

Facebook е основана од Марк Цукерберг додека студирал на Универзитетот Харвард во 2004 година. Денес компанијата вреди 541 милијарди долари.

3. Yahoo

Yahoo е основана од Џери Јанг и Дејвид Фајло во 1995 година додека двајцата студирале на Универзитетот Стенфорд. Денес Yahoo вреди 51 милијарди долари.

4. Reddit

Reddit е основан од Стив Хафман и Алексис Оханиан во 2005 година. Денес оваа компанија вреди 1,8 милијарди долари.

5. WordPress

Основана од страна на Мет Миленвег во 2003 година во периодот додека студирал на Универзитетот Хјустон, денес вредноста на компанијата достигна 2,6 милијарди долари.

6. Google

Основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, сигурно не помислувале дека денес компанијата кога ја основале во 1998 година додека биле студенти на Универзитетот Стенфорд ќе вреди 102 милијарди долари.

7. Time

Оваа корпорација е основана во 1923 година од страна на студентите на Универизтетот Јеил, Бритон Хаден и Хенри Лус. Денес нивната креација вреди 73,4 милијарди долари.

8. Napster

Napster го создаде Шон Фенинг во 1999 годиа додека студирал на Универзитетот Нортистерн, а сега неговото чедо вреди 78 милиони долари.

9. Dell

Најпознатиот бренд за компјутери од минатиот век е основан од страна на Мајкл Дел во 1984 година, а денес вреди 57,2 милијарди долари.

10. Tripod

Основана од Бо Пибоди и Брет Херши во 1992 година, оваа компанија достигна вредност од 17,4 милијарди долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •