Скопје предложен за европски стартап град за 2019 година

- Advertisement -

Скопје во друштво на други четири европски градови – Минск, Москва, Талин и Варшава е  Силиконска Долина како стартап центар за 2019 година од страна на The Calvert Journal. Главна причина поради која македонската метропола се најде во ова друштво е големиот бум на ИТ компании кои се основаат во последните години, како и фактот што земјата е рангирана на 10-то место во светот според условите за бизнис во извештајот Doing Business на Светската банка. Тоа е една позиција под Велика Британија и две зад САД.

Екосистемот за стартап компании сè уште има долг пат, но иницијативите  како StartUp Macedonia веќе активно  работат на унапредување  на заедницата. Изминатата година беа sпроведени  неколку истражувања и мапирања кои во фокусот ги ставија потребите на стартапите и услугите и политиките кои одат во прилог на развој на претприемништвото и стартапите во македонија по примерот на естонија со подршка на Starup Commons. Околу 80 отсто од стартапите интервјуирани од StartUp Macedonia велат дека нудат менторство за оние кои штотуку почнуваат, а тоа е добар знак за иднината.

- Advertisement -

„Многу од предусловите се веќе поставени: лесно е да се регистрира компанија, информациите се сè подостапни, а има и доволно поддршка, програми, соработка и финансии. Сега со Стартап Македонија и со УСАИД се работи на дигитализација на еко системот, нешто што ќе биде од корист за сите кои се дел или сакаат да бидат дел од старт ап мрежата. Сè ќе биде достапно на една платформа и со таа дигитална платформа ќе бидеме и пионери во регионот“ вели Нина Николиќ, од #SwissEP.

Македонија има релативно ниски трошоци за живот споредено со регионот, а особено со Европа. Токму тоа е една од компаративните предности на земјата.

- Advertisement -

„Доколку се воведе стартап виза каде основачи на стартапи ќе можат да престојуваат тука барем 12 месеци, ќе видиме многу голем прогрес бидејќи само со диверзификација и размена на искуства и знаења и соработка ќе може да одиме напред, да сме конкурентни и да си направиме супер услови за живот“ додава Николиќ.

Подршка на претприемништвото, поврзување и раст на стартап заедницата #MKstartups, дигитализација на еко-системот  потикнување на женско претприемништво и во нашата земја, се топ приоритети и предизвици во нашата земја за кои ќе се работи во следниот период за да се подобрат условите за сегашните и идни основачи на компании.

Сподели!
- Advertisement -