14 C
Skopje
вторник, јули 14, 2020

Цукерберг има нова визија за Facebook – ќе го претвори во платформа која ќе се фокусира на приватноста

Kabtel desktop

Основачот и извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг, изјави дека неговата визија за Facebook, платформата за размена на пораки и социјално вмрежување, е фокус на приватноста. Претставувањето на визијата за новиот Facebook следува по бројните кршења на приватноста и по многуте скандали.

„Разбирам дека многумина мислат дека Facebook не може да биде фокусиран на приватноста, а многумина и не го сакаат тоа. Искрено, немаме добра репутација кога се во прашање услугите за заштита на приватноста затоа што бевме премногу фокусирани на поотворено споделување“, напиша Цукерберг на Facebook.

Тој додаде дека целите на новиот Facebook ќе биде приватна интеракција, тајност, безбедност, интероперабилност и безбедно складирање податоци. Освен тоа, Цукерберг спомена дека нема да се складираат податоци во земјите каде што постои опасност од кршење на човечките права, односно во земјите каде што тие податоци можат да се искористат против корисниците.

„За да ги заштитиме податоците од непрописен пристап, нема да ги собираме и да ги чуваме чувствителните податоци во земјите со послаби закони за човечки права како што е приватноста и слободата на изразување“ надеве Цукерберг.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •