Отворање на Наградата за социјално претприемништво 2019 по петти пат

- Advertisement -

Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат беше отворен натпреварот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво „Награда за социјално претприемништво 2019‘‘ (Social Impact Award 2019) наменето за студенти и млади од Македонија.

Оваа награда се доделува во повеќе од 20 земји ширум светот со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub. Годинава по петти пат се организира и во Македонија од страна на Бизнис Импакт Лаб, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија, Фонд за иновации и технолошки развој и Пакомак.

- Advertisement -

Натреварот за социјално претприемништво е одлична шанса за младите и студентите од земјата да понудат идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваме секој ден, а воедно и да се поттикнат да почнат да размислуваат за создавање на сопствени социјални бизниси и креирање на свое работно место“, изјави Симона Станковиќ, координатор на наградата во Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија веќе 5-та година по ред ја поддржува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), што всушност се покажа и како успешен проект кој веќе има и видливи резултати, односно старт-ап компании со кои можеме да се гордееме. Поддршката која ја даваме за овој проект покрај финансиски дел кој се користи за наградите за трите најдобри бизнис идеи, опфаќа и менторска поддршка која се дава во текот на инкубацискиот период. Од минатата година ја започнавме и специјалната програма „Чекор по чекор“, која им овозможува пристап до потребните финансиски средства за понатамошен развој на младите стартапи.“ изјави Владимир Кечовски, Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија.
За најдобрите три (3) решенија во областа на социјалните бизниси Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра за секој од нив. Покрај наградите, за најдобрите тимови обезбедено е присустви на СИА Самитот кој оваа година ќе се одржи во Киев, три месеци период на инкубација со менторство и поддршка во развивање на идејата.

- Advertisement -

Конкурсот за Наградата во Македонија ќе биде отворен во периодот од Март до Мај 2019-та година во чии рамки ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и бизнис модели во социјалното претприемништво во Скопје, Битола, Штип и Струмица.

Повеќе информации за ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2019‘‘ и за начинот на аплицирање ќе најдете на www.socialimpactaward.mk

- Advertisement -

‘Наградата за cоцијално претприемништво 2019‘‘ (www.socialimpactaward.mk ) претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Македонија. Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво. Целта на програмата е да се зголеми интересот меѓу младите за оваа област како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера.

Сподели!
- Advertisement -