12.7 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2019

Porsche ќе прави електричен автомобил заедно со Мате Римац

Kabtel desktop

Porsche има големи планови за пазарот на електрични автомобили, а за да ги претвори тие амбициозни планови во реалност минатата година потпиша партнерство со Rimac Automobili и со Greyp и купи малцински удел во компаниите. Годинава треба да почне продажбата на првиот електричен автомобил на Porsche, Taycan, по што го очекуваме Taycan Cross Country, а на почетокот на идната деценија и новата верзија на Macan, која исто така ќе има електричен мотор.

Извршниот директор на компанијата, Оливер Блум, неодамна зборуваше за правење хипер-автомобил, кој најверојатно ќе биде целосно електрично возило. Блум вели дека тој автомобил ќе мора да биде најдoбар на пазарот, со најдобри перформанси и во развојот на тој автомобил ќе му помага Мате Римац. По саемот за автомобили во Женева дел од аналитичарите на пазарот донесоа заклучок дека кога се во прашање електричните возила и батериите, најбитните карти во раката не ги држи Илон Маск, туку малата компанија од Света Недела, Rimac Automobili.

Блум го пофали Римац како многу амбициозен експерт и совршен партнер за развој на прототипови и мали, паметни решенија. Додаде дека на Porsche таквите партнерства ќе му бидат се побитни во иднина. Освен автомобили на струја, Porsche не ги занемарува ни другите потенцијални идни трендови на пазарот за автомобили како што е изнајмувањето автомобили. Наместо купување сопствено Porsche, љубителите на оваа легендарна компанија ќе можат да изнајмат возило за 2.000-3.000 долари месечно и ќе имаат пристап до сите модели на компанијата. Тој пилот-проект веќе стартуваше во Атланта, САД, додека во Кина во соработка со компанијата Didi експериментираат со услуги од типот на Uber и Lyft.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •