Наместо да завршат на депонија или во океаните, пластичните кеси наскоро ќе може да се користат за напојување на паметните телефони и другите електронски уреди. Истражувачи на Универзитетот Пердју во Индијана развија процес со кој пластиката се претвора во карбонски чипови кои се наоѓаат во литиумските батерии.
Ова е многу битно затоа што годишно се произведуваат 300 милиони тони пластика, од кои 85% не се рециклираат. Истражувачите одлучија дека овој процес е вистинскиот начин за да се реши проблемот со пластичниот отпад и да се реупотребат пластичните кеси.
Научниците веќе некое време знаат дека полиетиленот во пластичните кеси може да се претвори во карбонски материјал во кој се складира енергија, но сите досегашни обиди биле сложени и скапи. Д-р Вилас Пол, хемиски инженер на Универзитетот Пердју, и неговиот тим го решиле тој проблем со својот едноставен и евтин метод. Тие потопиле пластични кеси во сулфурна киселина и ги загревале во реактор до температурата од 150 степени Целзиусови, на која се топли пластиката.
Сулфурната киселина овозможува пластиката да се загрева на повисока температура без да испушта отровни гасови. Кога ја отстраниле супстанцијата од реакторот и ја загревале во печка, се претворила во јаглен. Во последниот чекор од процеост јагленот се претвора во прав и се користи за правење на анодите во литиумските батерии. Крајниот резултат била батерија која ја поставиеле во камион играчка, но не далаку денот кога на овој начин ќе се прават електрични батерии за автомобили.