3.2 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Boeing дизајнираше суперсoничен авион со кој од САД до Јапонија ќе се стигнува за три часа

Kabtel desktop

Компанијата Boeing на конференција во Атланта, САД, го претстави својот прв суперсоничен авион. Станува збор за визија, односно идеја за авионот, со кој патниците од Лос Анџелес до Токио би стигнувале за само три часа. Иако идејата привлекува внимание, далеку е од вистинскиот авион, кој веројатно ќе биде готов за неколку децении.

Хиперсoничниот патнички авион, теоретски, би можел да лета со брзина од 5 маха, односно околу 6.000 км/ч. Моментално летот од Њујорк до Лондон трае седум часа, а од Лос Анџелес до Токио трае 11 часа. Директорот на Boeing, Денис Миленбург, изјави дека уште прават истражувања во врска со брзината на патничките авиони. „Мислам дека за 10 до 20 години таквите авиони ќе станат реалност“ додаде тој.

Клучот во производството на вакви авиони е развојот на лесни материјали за трупот на авионот, кои ќе овозможат поголеми брзини. За производство и за тестирање ќе бидат потребни години, а тука е и проблемот со цената.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •