Ова се Љупчо и Томас кои ја развија апликацијата “Мои доктори“ за полесен пристап до лекарски термини

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

Со цел да се надмине ситуацијата со месеци да се чека за термин од специјалист на патформата „Мој Термин“, девелоперите Љупчо Наумов и Томас Воксеп од Шведска лансираа нова апликација “Мои Доктори“ која на корисниците им пружа подобар пристап до специјалистички термини.

“Мои Доктори ја лансиравме јас и Томас. Податоците кои се јавни ги црпиме од системот на Мој Термин, но новата апликација нема официјална поврзаност со здравствениот систем. Едноставно, увидовме проблем со кој се соочуваат граѓаните и ја направивме апликацијата за да го решиме истиот“ , ја објаснува Наумов мотивацијата да се направи оваа апликација која веќе е во функција.

- Advertisement -

Системот за електронско закажување „Мој Термин“ ја подобрува работата на здравството во Македонија, но не ја исполнува целосно побарувачката за термини. Според анализите на „Мои Доктори“, 30% од специјалистите во “Мој Терми“н немаат никаков слободен термин во моментот. Докторите-специјалисти отвораат малку термини кои веднаш се земаат.

- Advertisement -

Новата веб аликација се обидува да го премости овој проблем со тоа што во моментот кога ќе се отворат нови термини ги известува корисниците по мејл. За да се користи апликацијата треба да се внесат името на докторот, името на корисникот, мејл адресата и мобилниот телефон.

“Со тоа се ослободуваат граѓаните и матичните лекари од постојано проверување и предвидување кога ќе се отворат термини за спциалистички прегледи. На тој начин целиот процес станува транспарентен бидејќи секој добива ист пристап до навремени информации. Со користење на оваа алатка сите што имаат потреба за термин ќе бидат информирани во реално врееме и ќе можат да закажат во најбрз можен рок“, објаснува Наумов и додава:

Реакциите од додегашното користење на „Мој Доктор“ се позитивни и има интерес за користење на апликацијата. Секој мејл на благодарност што го добиваме од нашите корисници е сигнал дека рашаваме важен проблем и ни дава мотивација да продолжиме да ја развиваме апликацијата. Во иднина сакаме да ја направиме услугата покорисна со СМС нотификации за нови термини, како и да направиме верзија за матични доктори. Исто така, нотираме кои други проблеми во здравството би можеле софтверски да ги решиме.

Апликацијата е соработка на Љупчо Наумов (@LjNaumov) од Македонија и Томас Воксеп (@tomaswoksepp) од Шведска. Воксеп и неговата девојка се дигитални номади, и колаборацијата настанала откако се одлучиле да поминат еден месец во Македонија. Уште на првата средба, направиле прототипот на апликацијата, а после неколку недели развивање и тестирање таа била готова за широка употреба.

Сподели!
- Advertisement -