По пет години откако е направена посебната апликација „Месинџер“ за сите корисници, „Фејсбук“ размислува за нејзино враќање во склоп на главната апликација „Фејсбук“. Функцијата моментално се тестира и би значела дека ќе може преку постоечката апликација за пристап до платформата на социјалните медиуми да се користат услугите за размена на пораки. Со измените, ќе остане постоечкото копче „Месинџер“ во апликацијата Фејсбук, но ќе ве однесе до нова секција „Чатови”, наместо да ја треба да се отвора и инсталира посебната апликација за „Месинџер“.

Апликацијата „Месинџер“ за прв пат беше лансирана во 2011 година, а во 2014 Фејсбук ги тргна „чатовите“ од главната апликација. Половина деценија подоцна, компанијата се подготвува да ги интегрира сите постоечки услуги за разменување на пораки – Месинџер, Инстаграм и ВатсАп, така што сите функции ќе се најдат во рамките на главната апликација.

Истовремено, се предвидува дека Фејсбук истовремено ќе дозволи „Месинџер“ да постои и како посебна апликација, бидејќи дел од корисниците не не ја користат главната апликација на социјалната мрежа.