South Central Ventures инвестираше во хрватскиот стартап AdScanner

- Advertisement -

Sоuth Central Ventures, со вкупен капитал од 40 милиони евра, го препозна потенцијалот на уникатната технологија на хрватскиот стартап AdScanner, кој прави биг дата решенија за водечки ТВ бизнис модели. Со новата инвестиција собраните средства на AdScanner ќе се зголемат од 0,8 милиони евра на 2,7 милиони евра до крајот на овој циклус. AdScanner ќе биде на исто ниво со други компании од портфолиото на SCV како што се Bulb Technologies и Agrivi. Секоја година SCV разгледува од 300 до 350 потенцијални компании за инвестиција, но инвестира во само неколку.

AdScanner е основан во 2012 година и е активен во Хрватска, Австрија, Германија, Бугарија и во Србија. Има имплементирано алгоритам за видеопрепознавање, а развива и своја Rapid Data Vectoring технологија собирајќи и интегрирајќи напредни податоци за ТВ публика на различни ТВ платформи.

- Advertisement -

„AdScanner го менува начинот на кој се планираат, се купувата и се мерат резултатите на ТВ кампањи и ТВ содржини. Од  една страна, ние овозможуваме досега невидена брзина, прецизност и транспарентност за агенции, ТВ канали и самите компании кои се рекламираат. Од друга страна, со нашето TV DMP решение ние им обезбедуваме начин на телекомпаниите и кабелските провајдери да ги градат нивните TВ адвертајзинг бизнис модели, додека капитализираат од сопствените податоци и ги обезбедуваат најдобрите услуги за своите консументи“, вели Марин Ќурковиќ, извршен директор и соосновач на AdScanner.

„Со оваа инвестиција  ќе го прошириме нашето интернационално присуство и значително ќе ја засилиме продажбата и можностите за развој“ додава Ќурковиќ.

- Advertisement -

Јуре Микуж, партнер во SCV, коментира: „Слушам дека многумина мислат дека телевизијата изумира. Некои тврдат дека буџетите за рекламирање се пренасочуваат онлајн и на мобилни уреди. Извештаите за оваа индустрија покажуваат сосема поинаква слика. Навиките на консументите се менуваат, а адвертајзингот е потаргетиран и подобро измерен. Конектираните паметни уреди сега го земаат приматот и оние маркетери кои ќе го следат тој тренс ќе имаат најголем бенефит. Ние ја видовме улогата на Adscanner во оваа трансформација и возбудени сме што можеме да им помогнеме“.

South Central Ventures има канцеларии во Белград, Загреб и во Скопје. Преку фондот Enterprise Innovation Fund (ENIF) се фокусира на технолошки компании од Западен Балкан. Фондот од 40 милиони евра е наменет за инвестиции во рана фаза и инвестиции за раст. од фондо 1,5 милиони евра се наменети за инвестиции во компании со максимум 100.000 евра по компанија, а најголем дел од фондот е наменет за инвестиции во рана фаза во износ до 3 милиони евра по компанија. Овие инвестиции имаат за цел да ја помогнат интернационалната експанзија на бизнисите и растот на најдобрите технолошки стартапи кои ќе го докажат својот потенцијал дека можат да играат на глобална сцена.

Сподели!
- Advertisement -