12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

ВИДЕО: Adidas претстави патики кои никогаш не мора да ги фрлите

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Рециклирањето денес е на ниско ниво. Производителите не имаат убедено дека одговорност на конзументите e да ги рециклираат нивните производи. Во меѓувреме, иако многумина од нас се обидуваат да го почитуваат тоа, рециклирањето е навистина комплицирано и на крајот 91% од пластиката во светот не се рециклира. Со оглед на животниот век на пластиката, не е ни чудо што ја има насекаде на планетата. Освен тоа, уште произведуваме пластика и како што предупредува National Geographic, доколку продолжи тој тренд, до 2050 година ќе има 12 милијарди метрички тони пластичен отпад.

Како консументи, ние можеме да придонесеме така што нема да користиме производи спакувани во пластична амбалажа, но производителите мора да бидат првите кои ќе почнат да го решаваат проблемот. Една компанија која тоа го сфаќа сериозно е Adidas. Таа ги претстави патиките Futurecraft Loop, кои може 100%  да се рециклираат. Годинава тие планираат да произведат 11 милиони пара вакви патики кои се необични по тоа што не мора никогаш да ги фрлите, дури и кога ќе почнат да се распаѓаат од носење.

Од компанијата велат дека шест години работеле на овие иновативни обувки. Рециклирањето на обувки е тешко затоа што се направени од различни материјали, кои мора да се одделат пред рециклирање. Па, како од Adidas го решиле тој проблем? Тие откриле начин како да направат обувки од еден ист материјал (100% реупотреблива термоплатика полиуретан) и се направени без употреба на лепак или други хемикалии.

Кога нема да сакате повеќе да ги носите патиките, можете да ги вратите во Adidas, каде што ќе бидат испрани, сомлени на пелети и потоа стопени до материјал од кој ќе се направат нови патики, притоа креирајќи нула отпад. Од компанијата велат дека планираат до 2024 година да користат само рециклиран полиестер за производство на сите обувки.

 


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!