12.9 C
Skopje
понеделник, октомври 21, 2019

Интервју со Томи Акимовски, режисер на спотовите на Дупер, графички дизајнер и инфлуенсер

Кога во една личност се обединети и графички дизајнер и уметник и фотограф и снимател и инфлуенсер за дизајнерска спортска облека и одличен познавач на квалитетна музика, и скејтер и точакољубец, едноставно креативец во сите профили, лесно е епитетот Нај да се користи кога се зборува за Томи Акимовски.

Новинар: Љубица Ангелкова
Фотограф: Симоне Калица

Македонската јавност главно те запозна како автор на спотовите на Дупер, но оние кои те знаат од порано знаат дека тој успех со нив не беше случаен. Како започна таа соработка?

Го снимав настапот на King’s Peach, бенд составен од Мартина и Ерик. Преку тој настан и се запознав со Мартина, па кога се одлучи да прави бенд со Борис и Илчо, им требаше човек кој ке им снима спот. Мартина не спои всушност. Сега Дупер се во своја нова фаза, а јас се аплоцирав на нови бендови и извонредни музичари за кои создавам.

Потоа сработи и еден одличен спот за Фанк Шуи за песната Крик, те одделува тој ракопис од она што го покажа во двата спота на Дупер, претпоставувам тоа намерно го стори.

Така некако, за Шуи одамна требаше да правам спот, ама не се погодивме никако временски претходно. Ама му дојде времето.

Имаше еден празен од во продуцирањето на македонски видео спотови, инцидентни појави за почит, но некако се придвижија нештата во последната година. На што се должи тоа?

Растат децата, поинформирани и поактивни генерации доаѓаат, очекувано. Иако мислам дека уште не се толку раздвижени колку што има потенцијал.

Колкави се буџетите кои се вртат при изработка на еден добар музички спот?

Има од 0 до Холивуд, зависи од договорот. А тоа “добар” не знам, немам стигнато до таму.

Може ли да се живее само од снимање и монтажа на спотови?

Даможе и од тоа и од се другонормално ако се работи на секојдневно подобрување на сиот skill set и претходно вистинско сфаќање на тоа колку вистински вредиш и во кое поле си најдобар.

Снимаше и своја прва реклама, за концертот на Стинг во Скопје, по нарачка на Авалон. Што е потешко да се сними рекламен спот или музички?

Да снимаш комерцијални реклами е исто како да си политичар. Мора да најдеш доста компромиси, има луѓе кои ќе имаат влијание и на идејата и на режијата. Тоа би било ок, кога сите би биле задоволни од својот живот, бидејќи мене не ми пречи тимската работа. Секоја работа си има своја тежинадури и да се работи за нешто што спаѓа во истата категоријапа и да се само нијанси во прашањеТоа е така бидејќи во секој проект во кој работамсе вклучени луѓе кои секој пат се различни во број и во карактерни особинитака да “тежината” ја чувствувам според ситуацијата во која се наоѓам и луѓето кои се вклучени во тој одреден проект. Глобално гледано во последно време рекламите не се храбри како што биле. Тоа се гледа и по наградите во Кан. Тоа е заради фактот што моторот за работа не е повеќе креативноста туку стравот. Сите се плашат да не изгубат клиент, а на тој начин и сигурноста.

Дали музичките спотови и комерцијалните реклами можат да се изборат за својот статус како уметнички израз или и понатаму се потценети од страна на “сериозните” филмски уметници?

Мислам дека музичките спотови и комерцијалните реклами се уметнички израз, на нив работат луѓе кои се во уметничкиот свет. Сметам дека ова прашање на некој начин прашува и “Што точно е уметност?” а не би сакал да одговорам со“За секого различно.” 
Мојот заклучок е дека сите уметници се “сериозни” онолкуколку што се посветуваат на својата уметност.
Големи светски режисери работеле и реклами и музички спотови. Тоа никогаш нема да изумре, иако вистинската MTV ја нема, телевизиите губат гледаност, но музичките видеа не, сите ги сакаат и потребни им се на музичарите. За изработка на реклами, сега може да се студира на факултетите за филм, тоа значи дека респект кон рекламите како уметност постои во светот.


Што е важно кај комерцијалните реклами. Целта, да се привлече внимание на публиката по секоја цена или едноставно да се претстави производот кој се рекламира?

Да се привлече внимание по секоја цена е навреда. Рекламите треба да раскажуваат приказна. Рекламите се како филмови, една убава илузија. Се е забава, музичарите преку видео спотовите продаваат албуми или свои концерти. Видео спотовите на музичарите се реклама. Денешната реклама е поп уметност. Енди Ворхол ја декларирал рекламата како уметност, за денес уметноста да биде реклама.
Комерцијалната реклама е најава за промоција на одреден продуктуслуганастан и сличноШто значипреку претставување на самиот продукт или услугатреба да допреме до одредената група на потрошувачиКолку ќе биде тоа успешнозависи од многу фактори. Секој чекор е многу важенпочнувајќи од идејата одреден производ воопшто да постои, па сè до истражување и пласирање на продуктот пред идните потрошувачи.

 Често фотографираш бендови и скејтери. Зошто тие две нешта се често во твојот објектив?

Првично купив опрема, зошто сакав да снимам скејтери за да се рашири скејт културата, со тоа што, мислев дека ќе се подигне свеста ако има видео снимки за да гледаат луѓето кои се малку или не се воопшто запознаени со тоа. А бендови не знам, најверојатно најмногу со такви луѓе се дружев.

Фриленсер си и заработуваш од повеќе ангажмани. Мене еден од најсимпатичните ми е оној во кој правиш стикери под брендот Микери. Стикероманијата го зафати и нашиот регион, додуше малку подоцна, но дојде. Како гледаш на појавата стикерите да се лепат на различни предмети и јавни места? Како кон естетски тренд, маркетинг трик или….

Прво, ако знае некој кој го правеше стикерот на Космофон за Speak Up кампањата, да се јави. Некаде имаше некој текст со кратко инфо за таа кампања и пишуваше дека лепенката е дело на скопски артист со име…заборавив. Инаку немам некое посебно гледиште, имаат секаква употреба, од Панини до реклами до знаци за забрането пушење и кучиња во кафуле. А за лепење на разни места? Пример, татко ми отсекогаш бил против лепење секаде освен дома во тетратка, затоа имам неколку тетратки со лепенки.

Колекционер си и на стикери, колку имаш на број?

Премногу, не знам точна бројка. Целта отсекогаш ми била да собирам стикери од луѓе, но преку размена. Сите стикери што ги имам се земени без пари, социјалниот момент на размена-трампа има свој шарм.

Комуницирањето со јавноста одамна го надминаа зборовите, денес во дигиталното време се комуницира главно визуелно. Графичкиот дизајн е кралот на многу успеси, но и порази. Како размислуваш околу ова?

Графичкиот дизајн е една професија која штокако и секоја другаси има свои предизвици и исто така во зависност од тоа колку вложуваш во себе како дизајнертолку и вредишКако и за сите професии, нели. Јас почнав да работам во трета година гимназија на дизајни, нешто ко прва љубов ми беше тоа од креативните професии, но мора да признаам дека сега не сум толку активен во тоа поле бидејќи енергијата ми е насочена кон други нешта, сакам да експериментирам со нови креативни професии. Времето ме брка да бидам пред времето. 
Инску, графичкиот дизајн е креативно промислување на начинот на визуелизација на нашите пораки, создаваме производ кој не е само гола алатка за нејзино пренесување, туку и алатка за пренесување на емоции што има енормна моќ која го надминува јазикот, општестевниот статус на личноста на која и се обраќаме и степенот на нејзиното образование. Она што е сепак најважно е што така пренесената порака во денешниот енормно забрзан свет кој постојано се менува, не само што поедноставно привлекува внимание, со надминување на споменатите бариери допира до значајно поширока јавност и на тој начин во нивните мозоци останува врежана многу, многу подолго од зборовите.
Ако тука се вклучи и добар ПР, личност која умее со зборовите, додавањето на визеулните адути ќе произведе храбар чин во кој, производот за кој правите графички дизајн или услугата која се нуди  да покаже своја страст, емоција, креативност и конечно љубов која сите нас не “држи” во оваа работа.

Оние кои што те следат на Инстаграм ги знаат твоите епски ИГ стори во кои или се занимаваш со исклучитечно вешто избрани модели на патики од омилените брендови или со некој твој естетски порив да привлечеш внимание преку визуелизација. Како гледаш на Инстаграм како платформа за промоција, па и заработка?

Точно, јас сум професионалец во создавање на ‘’приказни” на Инстаграм. Исто така многу сакам патики, зошто поблиску до чорапи нема.
Инстаграмот е социјална мрежа како и сите други која моментално е во нејзиниот пик. Како и секоја социјална мрежа, тука не смеам да го изоставам и LinkedIn, е одлична опција за промоција и заработка.

Беше учесник на светското финале на  Doodle art организирано од Ред Бул. Какви искуства имаш од тој лајфтајм настан и колку тоа отвара можности за вмрежување со кретивни луѓе како тебе на различни меридијани, со оглед на фактот што за да продадеш твоја уметност не треба да си таму?

Бев претставник на Македонија бидејќи  победив тука. Од сите Македонци што се пријавија и влегоа во топ 20, жирито ме избра мене, Ивана Горичан и Ана Здравкова. Јас отидов на светското финале во Сан Франциско. Неверојатно искуство, иако не очекував толку од 3 дена во Америка, прекрасни контакти, еден тон позитивна енергија и најбитно од сé, учење на вистинското значење на зборот вредност.
Инаку, можности за нетворкинг со креативни луѓе од различни меридијани има насекаде. Само треба да мрдниш малку од Балканот и да не се срамиш да зборуваш.

Потекнуваш од Битола, но живееш во Скопје, таму успеа лесно да се вклопиш во креативниот хедквотер на градот. Што нуди Скопје  на еден млад и креативен човек како тебе?

Лесно се вклопив бидејќи, прво, од основно училиште доаѓав во Скопје и секогаш со луѓе кои се на некој начин поврзани со музиката, така што многу ми беше полесно потоа кога се преселив. Скопје нуди сé што нуди секој друг град, само што на другите градови не им е пружанa развојна можност за да мрднат од дупките во кои што се, реално. Тетово пријатно ме изненадува, во последно време.

Живееше извесно време во Италија и во САД. Ако имаш можност да бираш каде би живеел следно?

Ова, каде би живеел следно, го слушам секој ден како прашање. Јас искрено цело време би живеел Битола, но за моите интереси и за сите мои професии сакам да живеам секаде.

Помеѓу скејт и точак, што победува?

Со точак до локација, па таму скејт. Иако не го правам ова јас, јас сум 70% од времето на точак.

Последен музички спот кој си го видел и те воодушевил?

Бели Цветови на Каролина Гочева.

Последно нешто што си слушнал од музика и ти било откртие на животот?

Sister Rosetta Tharpe, Renato Carosone, Silvia Perez Cruz и Jose James
A од македонската музика, Драги Иванов.

Каде се гледаш себеси за 10 години?

Со жена ми во Монако, кај што преговараме дали ќе имаме деца.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •