Робот кој изгледа како пого стап за скокање може да скока на места каде што не можат да пристапат поголеми роботи и луѓето. Salto е дело на истражувачи од Универзитетот Беркли. Откако прв пат беше претставен во 20176 година, полека го надградуваа. Кај првиот дизајн камери за следење на движење ја бележеле секоја позиција на Salto и му помагале да остане исправен.
Сега Salto е опремен со доволно внатрешни сензори кои му овозможуваат самиот да одржува баланс и стабилност при движење. Најновата верзија на роботот може да скока или да трча по 10 минути без да прави пауза. Тој може да скокне максимум до 1,2 метри висина.
Бидејќи е мал робот, Salto може да помогне при спасувачки мисии.
Hopping robot for scouting and search-and-rescue operations
This hopping robot could be useful for search-and-rescue operations in uneven terrain.
Posted by Startup Selfie on Вторник, 04 јуни 2019