Во многу градови возењето велосипед до работа и назад не е најомилената активност на луѓето затоа што има огромен сообраќаен метеж, опасности во сообраќајот и многу честио пороијни врнежи. Но, една неодамнешна студија покажа кои се најдобрите градови во светот за возење велосипед.
Холандскиот град Утрехт се најде на врвот на листата со 90 градови од целиот свет како град каде што е најдобро да се биде велосипедист. Истражувањето го спроведе стартапот кој произведува технологија за осигурување Coya и го создаде индексот Bicycles Cities Index за 2019 година. Повеќе од половина од жителите на Утрехт редовно возат велосипед, па токму затоа во градот има ниска стапка на сообраќајни несреќи и релативно малку кражби на велосипеди.
Властите го претворија холандскиот град во рај за велосипеди инвестирајќи во инфраструктура за да ги охрабрат жителите да ги остават автомобилите и да се префрлат на велосипеди. Во градот има мрежа од покриени и отворени велосипедски патеки со специјалн дизајнирани мостови, подмезни премини и обиколници само за велосипедисти. Од градот велат дека нивниот паркинг за велосипеди, кој е најголемиот во светот, ќе може да собере 33.000 велосипеди до 2020 година.
Во истражувањето биле вклучени повеќе фактори како што се криминалот и безбедноста, можностите за споделување велосипеди и посебните настани во градовите како што се деновите кога е забрането возење автомобили. РЕвропските градови доминираат во топ 10 градови на листата, а единствениот град кој не е европски е кинескиот Хангжу.
Германскиот град Минстер е на второ место. Овој град има инвестирано во посебна инфраструктура за да ја зголеми употребата на велосипеди и да им овозможи на луѓето да возат побезбедно. Сега речиси 2/5 од населението таму патува со велосипед. Во првата петорка на листата се и белгиски Атнверпен, данската престолнина Копенхаген и холандската Амстердам. Втората петорка од топ 0 најдобри градови за велосипедисти во светот е составена од: Малме (Шведска), Хангжу (Кина), Берн (Швајцарија), Бремен (Германија) и Хановер (Германија).
Градовите каде што има посебна инфраструктура за велосипедистите издвоена од моторните возила се најдобрите места за да се видат максималните бенефити по здравјето на луѓето и одржливоста, велат од европската Организација за економска соработка и развој. Додека безбедноста за велосипедистите драстично се разликува од град до град и од држава до држава, истражувањето покажува дека генерално, населението има бенефити по здравјето од возењето велосипеди кои се мнопгу побитни од трошоците за соодветна инфраструктура.