19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

BMW до 2023 година ќе претстави дури 25 електрични и хибридни автомобили

Kabtel desktop

Плановите на BMW за големиот број нови автомобили кои ќе се движат на електричен погон, како и за хибридните возила се познати некое време и првичниот план на компанијата беше да претстави 25 такви автомобили до 2025 година. На почетокот на неделата на конференција во Минхен од компанијата најавија дека ги забрзуваат плановите за електрификација и тие 25 автомобили, од кои половина ќе бидат електрични, ќе ги претстават до 2023 година.

„До 2021 година ќе ја дуплираме продажбата на електрични возила во однос на 2019 година“ изјавија од BMW и додадоа сека до 2025 година продажбата на е-возила ќе расте со стапка од 30% годишно. Освен поради се поголемата побарувалка за такви возила, BMW ги забрза плановите и поради новата флексибилна архитектура која овозможува користење на разни видови мотори во сите нови модели.

Германската автомобилска компанија на пазарот веќе има модели како градскиот автомобил со интересен дизајн i3 и хибридот i8, а во текот на наредните четири години не очекуваат бројни нови модели со кои ќе се борат да привлечат што повече купувачи кои класичните бензинци и дизелаши ќе ги заменат со електрични автомобили.

Некои од новите модели на BMW веќе ни се познати. Веќе на крајот на годинава почнува производството на електричниот Mini, додека идната година во Кина почнува производството на електричната верзија на X3, која како iX3 треба да се појави и на европскиот и на американскиот пазар. Една година потоа се очекува производството на iNext, а компанијата подготвува и хрибридни верзии на BMW од серијата 3, сериите 7 и X1, X5 и други модели.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •