12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Данците јадат најскапа храна во Европа

Цената на храната и на безалкохолните пијалаци во Данска лани беа 130 отсто над европскиот просек, покажуваат податоците на Евростат, одделот за статистика на ЕУ. 

На второ место се Луксембург и Австрија, чии цени на храна го надминаа европскиот просек за 125 отсто.

На дното на листата се Бугарија, Полска и Романија. Во овие земји цената на храната е 26-28 отсто под европскиот просек.

Дел од оваа статистика е и Македонија, иако не е членка на ЕУ. Според бројките, кај нас се јаде евтина храна, со цени кои се 38 отсто под европскиот просек.

Во регионот, подпросечни цена за храна има и во Хрватска, Словенија, Албанија, Црна Гора и во Србија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •