Олимписките игри се прилика земјата-домаќин да ги покаже сите свои технолошки достигнувања. Но, кога станува збор за Олимписките игри во Јапонија, можете да бидете сигурни дека ќе изгледаат како да сте отпатувале во иднината.
Иако има уште една година до Олимписките игри во Токио, Јапонците наголеми се подготвуваат за доаѓањето на милиони луше од цвелиот свет. Така, посетителите на секој агол ќе ги дочекуваат волонтери – и луѓе и роботи. Организаторите на Олимписките игри во Токио сега претставија и робот-маскота, кој на децата треба да им овозможи уживање во некои делови од Игрите, дури и ако не се во Јапонија.
Роботот, кој комуницира со децата, користи вештачка интелигенција за да ги препознае прашањата на децата за Олимписките игри, за спортот и за Јапонија и потсетува на добро познати ликови од аниме цртаните филмови.
Toyota, пак, која е еден од главните партнери на Олимписките игри, веќе претстави прототипови на минијатурни автомобили со далечинско управување кои се ги собираат копјата и кладивата на натпреварите. Минијатурните возила наречени e-Palette се големи колку детски автомобил, може да возат со максимална брзина од 20 км/ч и не им треба возач затоа што имаат три камери и еден лидар за да се снаоѓаат во просторот.
Компанијата најави дека во текот на Игрите ќе претстави цела палета од напредни технолошки решенија – од автобуси на батерии до автономни такси возила.