-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Facebook го додава своето име на апликациите Instagram и WhatsApp

Kabtel desktop

Facebook навистина сака да се знае дека тој е сопственик на апликациите Instagram и WhatsApp, поради што наскоро на нивните имиња компанијата ќе го додаде и своето име. Имено, Instagram наскоро ќе стане „Instagram на Facebook“, а WhatsApp ќе стане „WhatsApp на Facebook“.Овие информации протекоа на Интернет, но од Facebook ги потврдија гласините.

Новите називи на апликациите че се појават и на онлајн-продавниците App Store и Google Play Store, додека на уредите засега ќе останат старите имиња. Меѓутоа, посои голема веројатност дека за кратко време името на Facеbook да биде додадено и на паметните уреди каде што веќе се инсталирани популарните апликации.

Faceboook веќе ја направи оваа промена со Oculus и јасно е дека не запира тука. „Сакаме да бидеме појасни со производите и услугите кои се дел од Facebook”, изјавија од Facebook.

За потсетување, Марк Цукерберг веќе одамна зборува за неговата голема визија за поврзување на Facebook, Instagram и WhatsApp преку единствен систем за испраќање пораки.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •