6 C
Skopje
понеделник, април 6, 2020

Американската војска разви алгоритам кој знае кога мора да се напиете кафе

Kabtel desktop

Ако треба да останете будни, веројатно ќе посегнете по нова шолја кафе, но што кога би знаеле точно кога мора и колку кофеин мора да внесете за да останете будни? Токму на тоа се фокусирала група научници, кои спровеле истражување за колку кофеин му треба на телото за да остане будно.

Во истражувањето се опишува дека испитаниците биле ненаспани за научниците да можат да проучуваат како влијае недостигот од сон на нивната идниан и на ефикасноста и колку кофеин влијае на нив. Резултатот од истражувањето е електронска алатка која може да помогне во контролата на внесот на кофеин во телото, но и да помогне за одржување на луѓето будни.

Можеби уште поинтересно е тоа што научниците кои работеле на истражувањето биле вработени во американската армија. Така, целта на студијата, всушност, била американските војници кои често се наоѓаат во опасни ситуации да можат да функционираат без многу сон,

Алатката 2B-Alert Web предвидува колку ќе биде буден некој зависно од тоа колку спиел, колку кафе се напил и колку години има. Исто така, може да дава сугестии кога да се напиете кафе за да бидете оптимално будни во одредено време. Дури може да помогне и за намалување на консумацијата на кафе, а притоа да не ја намалие својата ефикасност, ниту будноста.

Иако е развиена за американската војска, алатката може да ја користи секој. Доволно е само да се регистриратењ со имејл адреса и да ги внесете своите податоци. Алгоритмот ќе го направи остатокот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •