20 C
Skopje
сабота, мај 30, 2020

Ова се најиновативните градови во светот

Kabtel desktop

Иновациите се најбитниот елемент за успех. Најголемите корпорации долго време таргетираат иновациски хабови богати со таленти, но битката за таленти сега го интензивира фокусот на цели градови. Меѓу инвеститорите во недвижности неколку менаџери за големи инвестиции почнаа експлицитно да таргетираат градови кои се сметаат за силни иновациски системи. Во меѓувреме, градските власти ја гледаат иновациската економија и иновациските квартови како основни составни делови на одржливиот долгорочен раст и на иднината на паметните градови.

Затоа, не е изненадување дека технологијата, иновациите и паметните елементи се во центарот на дебатата за градовите од иднината. Многу истражувања покажаа дека активните иновациски екосистеми и големите базени со таленти во градовите се клучни за поттикнување на продуктивноста, за напојување на економскиот раст и за покачување на стандардите за живот.

Бидејќи се става голем фокус на улогата на иновациите во оформувањето на градовите од иднината, компанијата JLL ја тестираше оваа теорија од перспектива на недвижностите. Во нивното последно изтражување Innovation Geographies тие анализираа повеќе од 100 градови во светот за да ги идентификуваат градовите кои имаат најсилни иновациски екосистеми и многу таленти кои че ја поддржат економијата ориентирана на иновации.

Сан Фрнациско со својата стартап сцена е на врвот на ранг листата со најиновативни градови. На врвот на листата не доминираат градови од САД, туку има претставници од целиот свет. На листата годинава има повеќе азиски градови отколку пред неколку години. Токио се наоѓа на втората позиција, а Сингапур е на третата. На четврто и на петто место се Пекинг и Лондон. Втората топ петорка ја сочинуваат: Сан Хозе, Париз, Њујорк, Бостон и Сеул.

Во топ 20 најиновативни градови спаѓаат и: Шангај, Лос Анџелес, Минхен, Шенжен, Сиетл, Сиднеј, Торонто, Берлин, Амстердам и Стокхолм.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •