6 C
Skopje
понеделник, април 6, 2020

Србинка среде Италија подучува како се прават тестенини

Kabtel desktop

Пред три години почнала од нула, со почетен капитал од 1.500 евра. Стартувала свој бизнис од нула и поради љубовта кон готвењето. Оваа пролет ќе ги подочува како се прават тестенини ни повеќе, ни помалку туку тие што ги измислиле тестенините – Италијанците. Србинката Сања Милошевиќ ќе им ги открива тајните на изработка на тестенините.

Се почнало кога станал препознатлив на домашниот пазар брендот Moje gnezdo во сопственост на Сања, кој произведува производи без вештачки додатоци и таа тргнала да учи во Италија да учи од поискусни претприемачи.

„Во Италија отидов во организација Erasmus for Young Entrepreneurs и Стопанската комора на Србија. Програмата е замислена така што млади претприемачи добиваат прилика да отпатуваат во некоја од земјите од Европската унија и да учат од поискусни претприемачи кои работат на полето кое е од нивен интерес или работа. Јас отидов на Сицилија кај семејството Малтезе, кое првенствено се занимава со производство на органско вино или маслиново масло“ вели Сања.

Во текот на престојот таму се случило нешто поприлично неочекувано затоа што тестенините кои ги правела се разликувале од тие кои ги правела нејзината учителка Марија. Иако користеле исто тесто и иста машина за развивање. Разликата била во текстурата, квалитетот и времето на готвење.

„Моите тестенини се меки, деликатни, полесно се џвакаат и полесно се варат од нивните. Стана многу интересно кога сфативме дека зборуваме за разлики во тестенини кои се прават од исто тесто и со иста машина. Дополнително една пријателка ми објасни дека има врска меѓу моите раце и молекулите брашно. Така, дојдовме на идеја да се вратам на Сицилија и да држам работилници за производство на тестенини за туристите кои доаѓаат на нивните имоти. Го сметам за успех фактот дека има луѓе кои постојат луѓе кои неделниот ручек не можат да го замислат без моите тестенини“, објаснува Сања.

Меѓутоа, нема само на Сицилија да можат луѓето да ги дознаат тајните на нејзиниот занает затоа што за идната пролет најавува дека нешто слично ќе работи и во Хрватска. „Засега барам простор во кој би го спровела тоа, кој може да прими доволен број луѓе и има опрема која треба за таквите работилници“.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •