-1.4 C
Skopje
среда, јануари 22, 2020

Враќање на Др. Мартенс на голема врата

Kabtel desktop

Само малку брендови за обувки оставиле печат во културната историја како Др.Мартенс. Низ 60 годишната историја, репутацијата на Британскиот произведувач еволуираше од функционална војничка чизма, до култен статус во креативните светови на музиката, уметноста и модата.

Чизмите кои ги носеле британските градежници од 1960-тите, а својот голем подем го доживееја со популарноста на панк-рок сцената во 1970-тите, денес може да се видат на нозете на трендсетерите, т.н. Генерација Z. Откако на светската модна сцена ги лансираше Британецот Р. Григс во 1960 г., низ светот се продадени повеќе од 100 милиони чизми.

На полиците на централното дизајнерско студио лоцирано во познатиот лондонски Camden Town, може да се најдат над 700 модели на чизми Др. Мартенс, од сите бои, големини и дизајни, што зборува во прилог на историското наследство на оваа британска компанија.

Ние одбиваме да ги почитуваме модните трендови. Наша задача е да дизајнираме модели кои ќе ја задржат автентичноста на брендот Др. Мартенс – објасни Дамјан Вилсон, креативен директор на компанијата, додавајќи дека произведуваaт само 30 проценти од новиот асортиман секоја година.

Другите производи, тврди Вилсон, се продаваат скоро подеднакво успешно повеќе од половина век. Нивниот најпопуларен производ е сè уште т.н. 1460 чизми, кои името го добија по основањето на компанијата на 1 април 1960 година.

По финансиските турбуленции кои во 2002 година ја доведоа компанијата речиси до пропаст, пред шест години брендот го купи инвестициската фирма „Пермира“ за 300 милиони фунти, а од тогаш продажбата е зголемена речиси тројно.

Нашата целна група е луѓе со јасни политички ставови без оглед дали се работи за климатски промени или човекови права. Бунтовноста во моментов е повторно ин, доволно е да погледнете околу себе, се случуваат политички промени низ целиот свет кои ја ставаат во опасност слободата, изјави новиот извршен директор Кени Вилсон, додавајќи дека “Др. Мартенс сè уште е состојба на умот“.

Извор – www.marketing365.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •